• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Прва продавница во која сите сакаат да пазаруваат

9 декември 2015, 15:20
  • cподели

Стопанска банка АД - Скопје, холандскиот технолошки гигант Philips и малопродажниот ланец за техника во Македонија – Техномаркет, на 10 декември отвораат уникатна интернет продавница. Во оваа веб-продавница ќе можат да пазаруваат само клиентите со платежни картички на Стопанска банка на кои ќе им биде овозможено да набавуваат премиум производи на Philips по екслкузивни цени со попуст до 40%.

Во неа ќе бидат поставени 12 атрактивни, мали апарати за домашна употреба на Philips од премиум категоријата и ќе може да се купат online, исклучиво со платежните картички на Стопанска банка АД - Скопје.

Стопанска Банка, Philips, Техномаркет

Како производ на денешното хектично живеење, сите напори на луѓето се насочени кон тоа да си го направат животот полесен, поудобен и поприфатлив. Во таа насока Стопанска банка го иницираше овој проект со кој ќе им овозможи на своите клиенти, секојдневните рутински активности да ги поедностават, купувајќи врвни производи по одлични цени од удобноста на сопствениот дом.

„Секогаш се обидуваме да го евалуираме искуството на нашите клиенти низ нивните очи, бидејќи тоа е најточен и најискрен пристап за разбирање на вистинските потреби, а тие сознанија нé поттикнуваат да бидеме подобри во она што го работиме. Ги повикувам сите корисници на платежните картички на Стопанска банка да ја посетат веб-продавницата и да ја разгледаат уникатната понуда на Philip sпремиум производите. Убеден сум дека ова е уште една поволност која ќе им покаже дека во сите наши идеи и планови, тие се на првото место“ – изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Доставата на производите ќе се врши преку пошта за најмногу 5 дена од продажбата, што дополнително го олеснува пазарувањето и го прави уникатно искуство и доживување.

„Нашата мисија е да бидеме што подостапни за граѓаните и сите наши капацитети, можности и потенцијали да ги ставиме во функција на олеснување на купувањето. Online купувањето е се поприсутно и веќе ја надминува трендовската димензија со тоа што стана реална потреба во брзото секојдневие, а Техномаркет одамна го започна процесот на прилагодување со опцијата за онлајн купување. Предноста на оваа продавница е што е тематски и содржајно дефинирана, и што купувачите ќе ја имаат единствената можност за навистина премиум PHILIPS производи за 40 отсто пониска цена, тоа е возможно само во www.lojalnaprograma.mk“, изјави маркетинг менаџерот на Техномаркет.

Уживајте во празнично купување и дарување, лојалната програма ќе трае до 10.03.2016 година.

Повеќе информации за уникатната веб-продавница на: www.lojalnaprograma.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.