• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

25 февруари 2026, 13:39
  • cподели
Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски - еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски. 

Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на настани, судбински предизвици и остварени соништа. 

Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска дејност, педагошката и репетиторската работа, како и бројни сеќавања за ликот и делото на уметникот. Како првенец на Балетот и како прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет, Тони Баталаковски со својата визија и посветеност остави длабок и траен белег во институционалниот и уметничкиот развој на македонскиот балет. Монографијата „Мојот пат“ претставува сведоштво за едно време, една професија и една исклучителна животна мисија, оставена како трајно културно наследство за идните генерации. 

Ве покануваме да присуствувате на овој значаен културен настан. 

Tags
Антон Баталаковски

Најнови

  • Ирена Карамачоска со семејството

    „Сама си ја избричив главата пред да почне да ми паѓа косата“: Ирена Карамачоска за дијагнозата рак на дојка 6 месеци по породувањето

    Tue, 04/14/2026 - 15:35
  • По стапките на принцезата Дијана: Меган Маркл и принцот Хари однесоа радост во детска болница во Мелбурн

    Tue, 04/14/2026 - 14:30
  • „Магично, магично“: Германецот Фин со вирално видео од атмосферата во Бигорскиот манастир на Велигден

    Tue, 04/14/2026 - 13:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.