• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Промена на броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка

16 јули 2021, 09:15
  • cподели

По преземањето на Охридска банка АД Скопје, од реномираната интернационална групација Штаермеркише Шпаркасе, со цел да се обезбеди непречено присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во изминатиот период се направија бројни подготовки. Присоединувањето е долг и комплексен процес, единствен од ваков обем во банкарската историја во Р.С.Македонија, чие завршување е планирано за втората половина на јули 2021 година, т.е. целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година.

Како резултат на присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка, ќе се променат.

На следниот линк клиентите можат да го проверат новиот број на трансакциска сметка кој треба да го користат по присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

охридска банка

Од денот на присоединување и SWIFT кодот на Охридска банка повеќе нема да постои, важечки ќе биде SWIFT кодот на Шпаркасе Банка Македонија – INSBMK22.

Новите броеви на сметки ќе стапат на сила од денот на присоединување на банките. Од истиот датум, старите броеви на сметки нема да биде возможно да се користат за реализација на плаќања или за прилив на средства.

Нема да се случи спојување на сметки, состојби и овластени лица на сметките од двете банки, за клиентите кои имаат сметки и во Охридска банка АД Скопје и во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Сметките од Охридска банка АД Скопје со сите постоечки овластувања ќе останат во прегледот на сметки во интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, паралелно со постоечките сметки.

Од страна на клиентите нема потреба од дополнителен ангажман, како на пример, склучување на договор за новата сметка, пренос на средства од старата на новата сметка и сл., бидејќи се работи само за техничка промена на бројот на сметка. Единствена обврска на клиентите ќе биде, за новиот број на сметка, навремено да го информираат својот работодавец, како и сите физички или правни лица и инстиутуции, со цел трансакциите и приливите кои ги очекуваат непречено да се извршуваат.По спојувањето, ќе биде невозможно да се извршува уплата на старата сметка, со што целосно се оневозможуваат погрешни уплати на средства.

Пензионерите, пак, ќе продолжат да ги добиваат своите пензии на новите сметки и не треба индивидуално да го доставуваат новиот број на сметка во ПИОМ, бидејќи сите потребни активности ќе ги спроведе банката по службена должност.

Процесот на присоединување на двете банки е воден под безбедносни, сигурносни и законски регулирани услови кои во својот фокус ги имаат интересите на физичките и правни лица, клиенти на банката за нивно непречено функционирање.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.