• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Прогласување на победниците на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ на 21 мај во Дино паркот во Скопје!

18 мај 2023, 13:05
  • cподели

На 21 мај 2023 година, со почеток во 12:30 часот, во Дино парк во Скопје ќе се прогласат победниците на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“

Свесноста во борбата против климатските промени со градење на сопствени зелени оази на своите тераси и дворови мотивира над 400 граѓани да се пријават на овој награден фотоконкурс, а само тројца од нив ќе добијат една од трите вредни еконагради:

  1. награда – електричен велосипед,
  2. награда – електричен тротинет и
  3. награда – велосипед.
Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција

Пријавувањето на фотоконкурсот официјално заврши на 14 мај и стручното жири ќе има важна задача да ги избере тројцата среќни добитници според поставените критериуми за избор на добитници. Настанот на кој ќе бидат прогласени добитниците и ќе им бидат врачени вредните еконагради ќе се одржи на 21 мај, во 12:30 часот, во Дино паркот во Скопје.

Покрај прогласувањето на победниците, посетителите на настанот ќе имаат можност да дознаат повеќе за значењето на зелената урбана инфраструктура во приспособувањето кон климатските промени, да се забавуваат и да погледнат мала изложба на најдобрите испратени фотографии од зелени катчиња.

Придобивките од зелената инфраструктура се многубројни и значајни за сите нас. Зелената инфраструктура го подобрува квалитетот на животот во урбаните средини и влијае позитивно врз здравјето на луѓето што живеат во градот, овозможува подобар квалитет на воздухот и на водата, ја намалува бучавата, го одржува биодиверзитетот, врши впивање на вишокот дождовни води и ја намалува температурата во градот во летните денови.

Конкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција>!“се организира како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко-свест“, во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), финансиски поддржан од Владата на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите што го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на Владата на Шведска.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.