• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Прогласени победниците на Coca-Cola Куп 2015

30 мај 2015, 18:30
  • cподели

Стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје денес беше домаќин на големото фудбалско финале на Coca-Cola Купот. Момчиња и девојчиња од 12 до 16 години од цела Македонија, пред бројната публика и своите навивачи, ги одмерија фудбалските сили во финалните натпревари. Најдобрите ги добија заслужените медали, но денес победници беа сите кои покажаа вистински спортски дух. Coca-Cola Купот се организира четврта година по ред од страна на Пивара Скопје АД, Coca-Cola компанијата и организацијата Отворени забавни фудбалски школи, во соработка со основните и средните училишта и општините.

Coca-Cola Куп 2015

На финалето му претходеа натпревари одиграни во изминатите два месеци во кои учествуваа рекорден број од 2.000 ученици од 150 училишта од 21 општина од цела Македонија. Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај најмладите преку практикување физички и спортски активности. Одржувањето соодветна рамнотежа помеѓу внесената и потрошената енергија е клучен фактор за здрав и исполнет живот.

Coca-Cola Куп 2015

„Спортот и редовната физичка активност се важен дел од правилниот развој на децата. Денес голем број млади се пред компјутер, телевизор, мобилен, сѐ помалку време поминуваат надвор дружејќи се со своите другари. Не се доволно физички активни и немаат начин како да потрошат калории. Со Coca-Cola Купот одигравме над 200 натпревари, вклучивме повеќе од 2.000 деца од цела Македонија. Наша заедничка цел е тие да пораснат во здрави личности свесни за придобивките од физичката активност и балансот помеѓу внесувањето и трошењето калории”, рече Цено Александровски, претставник на меѓународната невладина организација Отворени забавни фудбалски школи.

Coca-Cola Куп 2015

Coca-Cola Купот ги обединува децата и нивните семејства, училиштата, општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата во заедничка платформа која има цел создавање здрави животни навики.

“Проектот кој се реализира веќе четири години, подржува и поттикнува уште поголема иницијатива кај училиштата и семејствата во нивните настојувања кај своите деца да всадат љубов и желба кон спортот како основа на здрав живот. Годинава, бележиме рекорден број на 2.000 учесници. За нас тоа е доказ дека проектот е одлично прифатен и дека сме на добар пат кон создавањето здрави генерации млади луѓе кои ја негуваат љубовта кон спортот и физичката активност”, изјави Александар Ружевиќ, Генерален директор на Пивара Скопје АД.

Coca-Cola Куп 2015

“Редовното спортување и физичката активност се одличен начин за одржување на соодветен баланс на енергија што води кон поздрави, посреќни и полни со енергија млади луѓе. Coca-Cola Купот ја пренесува и пораката за фер плеј, спортски дух, семејно дружење и забава, вредности кои Coca-Cola настојува да им ги пренесе на младите насекаде во светот” изјави во оваа прилика Ѓорѓи Христов од компанијата Coca-Cola.

Покрај фудбалските натпревари, финалето беше збогатено и со други забавно-рекреативни и едукативни активности наменети за публиката, младите и нивните семејства. Црвено-белите маички, фудбалот, смеата, забавата и дружењето преовладуваа на денешниот настан создавајќи атмосфера на вистински спортски хепенинг.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.