• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Заболувања

Проф. д-р Константин Митев: Скинат латерален менискус на колено

27 август 2025, 09:48
  • cподели

Латералното кинење на менискусот е повреда на коленото која влијае на ‘рскавицата на надворешната страна од зглобот на коленото. Оваа ‘рскавица всушност делува како еден вид амортизер и помага во стабилизирањето на коленото.

Кинењата може да се појават поради ненадејни движења на извиткување, извртување, особено при спортување. Но, може да биде и од абење поврзано со стареењето.

Скинат латерален менискус на колено

Симптомите вклучуваат: болка на надворешната страна на коленото, оток, чувство на кликање или пукање и тешкотии при целосно исправување или свиткување на коленото.

Причини може да има повеќе:

  1. Трауматски повреди. Ненадејните движења кои вклучуваат извиткувања или извртувања, особено додека стапалото е фиксирано, може да предизвикаат странично кинење на менискусот, што е вообичаено во спортови како фудбал, тенис и кошарка.
  2. Дегенеративни кинења. Со возраста или поради состојби како артритис, менискусот може да се истенчи да стане поподложен на кинење од помали движења, дури и од секојдневни активности.
  3. Комбинирани повреди. Латералните кинења на менискусот може да се појават и во комбинација со повреди на други структури на коленото, како што е преден вкрстен лигамент.

Симптомите се карактеризираат со:

  • Болка – обично локализирана на надворешната страна на коленото, потенцијално протегајќи се до задниот дел на коленото, која се чуствува особено при ниски чучњеви или кога коленото е во положба „фигура-четворка“.
  • Оток – коленото може да отече, почнувајќи од благ до значителен оток.
  • Механички симптоми – пациентите може да доживеат кликање, пукање или заклучување во коленото и тешкотии при целосно истегнување или свиткување на коленото.
  • Нестабилност – некои лица може да чувствуваат дека коленото е нестабилно или дека попушта.
Скинат латерален менискус на колено

Дијагноза

За да се постави точна дијагноза потребно е да се направи:

  • Физички преглед при кој лекарот ќе го процени коленото за чувствителност, опсег на движење и стабилност.
  • Снимање со РТГ кои можат да исклучат други состојби и МРИ скенирања кои даваат детални слики од менискусот и околните ткива со цел да се потврдат/исклучи кинење.
  • Мекмареј тест – овој тест вклучува свиткување и ротирање на коленото за да се провери болка или кликање, што може да укажува на кинење на менискусот.

Третмани

  • Конзервативен третман: Одмор, мраз, компресија и подигнување, лекови против болки и физикална терапија често се прва линија на третман за помалку тешки кинења.
  • Хируршка интервенција која може да биде артроскопско скратување (менискектомија) или поправка, во зависност од видот и локацијата на кинењето и нивото на активност на пациентот. Кинењата во надворешната третина од менискусот понекогаш можат сами да заздрават поради подобро снабдување со крв.

Опоравување

При нехируршки/конзервативен треман, закрепнувањето може да трае неколку недели, со постепено враќање на активностите како што се подобруваат симптомите.

При хируршки третман, закрепнувањето може да трае неколку месеци, а физикалната терапија игра клучна улога во враќањето на силата и опсегот на движење. Истата може да биде комбинирана со апликација на ПРП која го забрзува заздравувањето.

Медицина

Проф. д-р Константин Митев
Спец. по општа хирургија / Супспец. по трауматологија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.