• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Проект „A Beautiful Body“: Телото на новите мајки

26 јуни 2013, 12:06
  • cподели

Бременоста е магичен процес кој резултира со раѓање на нов живот. Но, како што расте малото бебе, така се менува телото на мајката. Во многу случаи бременоста остава трајни лузни по телото како стрии и овисната кожа, па многу жени по раѓањето имаат пониска самодоверба и се потиштени поради притисокот да си го вратат телото во форма.

Џејд Бил е фотографка која преку своите фотографии покажува како навистина изгледаат новите мајки, несовршени, но не помалку убави. Нејзината цел е да ја подигне самодовербата на мајките и да ја редефинира убавината.

Проект „A Beautiful Body“ Проект „A Beautiful Body“

Сите фотографии од нејзината книга „A Beautiful Body“ се направени со мајки кои доброволно се пријавиле за фотосесија за да ги покажат несовршеностите на своето тело. Сè започнало кога Џејд објавила полуразголени фотографии од своето тело по првата бременост. Фотографиите допреле до стотици мајки кои изразиле желба да позираат и да го покажат телото по породувањето во вистинско светло.

„Да, се растегнав физички додека растев емотивно и духовно за да израснам луѓе во внатрешноста на моето тело и да ги хранам од ова тело. Да, јас сум секси. Да, никогаш нема да бидам иста како порано. Да, јас сум Мајка. Ох, да, горда сум. Да, ранлива сум. Да, силна сум како куќа. Да, јас сум ви сестра. Да, и јас имам своја приказна. Да, јас сум ваша рефлексија“ – пишува Џејд.

Проект „A Beautiful Body“ Проект „A Beautiful Body“ Проект „A Beautiful Body“

Џејд привлече огромно внимание со својот проект. Во интервју за Huffington Post, таа објаснила дека во текот на целиот живот страдала од недостиг на самодоверба поради надворешниот изглед и дека се стреми да ги поттикне луѓето да не си го трошат скапоценото време мразејќи се себеси, како што го правела тоа таа.

„Како тинејџерка страдав од чувства на длабока безвредност. Имав акни и не можев да се погледнам во огледалото речиси три години, освен ако тоа не беше поставено на светлина од свеќи... Се здебелив 22 килограми во текот на бременоста и тоа ја збогати мојата лична историја на опсесивна омраза кон себе во култура која слави најмногу фотошопирани фотографии од жени во медиумите. Соочени сме со епидемија од жени кои чувствуваат дека не заслужуваат да бидат наречени убави. Речиси секоја од нас се мачи да се чувствува убаво во сопствената кожа. Мојот сон е да бидам дел од движење за да бидеме подобри кон себе и кон другите и да бидам сведок на генерација од млади луѓе кои не си трошат години од скапоцениот живот на омраза кон себе затоа што мислат дека не се убави, како што правев јас“ – објаснила таа.

Проект „A Beautiful Body“ Проект „A Beautiful Body“ Џејд БилЏејд во петтиот месец од бременоста и по породувањето Џејд Бил

Џејд планира во идните проекти да навлезе во теми како стареење, рак и нарушувања во исхраната.

Tags
нова мајка
мајка
Џејд Бил

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.