• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Привилегија и чудо“: Натали Портман на 44 години е бремена со третото дете, две години по разводот

20 април 2026, 10:11
  • cподели

Натали Портман сподели дека е во блажена состојба. Популарната актерка на 44 години го очекува третото дете, а прво со нејзиниот нов партнер, францускиот музичар и продуцент Танги Дестабл.

„Танги и јас сме многу возбудени. Едноставно сум премногу благодарна. Знам дека ова е огромна привилегија и вистинско чудо“ – изјави Портман за Harper’s Bazaar.

Позната по својата емпатија, Натали го искористи моментот да им испрати поддршка на сите жени кои водат битка со плодноста.

„Пораснав слушајќи колку е тешко да се забремени. Имам толку многу сакани луѓе кои поминале низ тежок период со тоа, па сакам да бидам полна со почит кон темата. Тоа е толку убава, радосна работа, но исто така не е секогаш лесна. Свесна сум колкава среќничка сум и чувствувам длабока благодарност“ – сподели таа.

Романсата на Натали со Дестабл започна во март 2025 година, една година по финализирањето на нејзиниот развод од режисерот и кореограф Бенџамин Мијипје.

Новото бебе ќе му се придружи на нивното големо, модерно семејство. Натали од бракот со Бенџамин ги има 14-годишниот син Алеф и 9-годишната ќерка Амалија. Дестабл е татко на две момчиња од претходната врска со француската актерка Луиз Бургоан.

Tags
Натали Портман

Најнови

  • Наташа Беквалац со сестра си Кристина атрактивни русокоси во Белград, изгледаат како близначки

    Tue, 06/09/2026 - 22:46
  • Црвен тепих и аплаузи: Њујоршка премиера на македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“

    Tue, 06/09/2026 - 21:15
  • „Кога Дамјан ќе каже ‘ме боли главчето’, мама и тато не си го сакаат животот“: Апел за помош на Дамјан кој има тумор на мозок

    Tue, 06/09/2026 - 13:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.