• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Пријави се и дојди на вкусна средба со dmBio

28 март 2025, 15:14
  • cподели

На 10 април (четврток) со почеток од 18 часот, во школата за готвење FJ Culinary, dm ве поканува на вкусна средба со dmBio, која е посветена на органската исхрана и готвењето со органски состојки.

Доколку сакате да научите нешто повеќе за органската храна и да ги истражите сите начини на кои таа може да биде подготвена, или пак имате прашање кое сакате да го поставите до нутрицонист - тогаш овој настан е како создаден за вас. За да бидете дел од ова ,,вкусно“ искуство, потребно е да го пријавите вашето присуство тука!

dm

Настанот ќе започне со панел-дискусија на тема „Органска храна: научи, прашај, примени“, на која нутриционистите Симона Коруновска и Антонио Велковски, заедно со лекарот по општа медицина Бојан Трајковски, ќе поразговараат за сите оние работи поврзани со органската храна кои можеби не сте ги знаеле, но се многу важни за современиот свет во кое живееме. Во улога на модератор на дискусијата ќе биде Маја Лазаревска од „Готвиме со Маја“.

Веднаш по завршувањето на дискусијата, присутните ќе можат да проследат готвење во живо и демонстрација на рецепти сo dmBio производи, подготвени од искусните готвачи од FJ Culinary School. Ќе се подготвува за секого по нешто: посни бургери, тестенини со различни сосови и вегански сутлијаш со пудинг и џем. А по готвењето, следи дегустација на модерни јадења направени со dmBio производи, кои се вкусни, здрави и приспособени на забрзаниот начин на живот во денешницата, за да можете да јадете без грижа на совест.

Сите оние кои се заинтересирани за органската храна, начините на кои таа може да биде подготвена и придобивките од истата, можат да го пријават своето учество преку онлајн формуларот на веб-страната на dm.

Настанот ќе се одржи во просториите на школата за готвење FJ Culinary, лоцирани на ул. Јадранска Магистрала бр. 58 во Скопје. Пријавата ќе биде отворена до 8 април, односно до пополнување на местата. Затоа, побрзајте, пријавете се и бидете дел од вкусната средба со dmBio!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.