• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

30 октомври 2026, 10:35
  • cподели

„РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“ е насловот на новата бесплатна онлајн работилница за добросостојба на „Реплек“, на која гостин ќе биде младиот охридски пливач и ултра маратонец Марко Пејчиновски. Закажана за 4 ноември 2026 година, со почеток во 18 часот, работилницата ќе се фокусира на справувањето со тешките и неизвесни моменти, зачувувањето на мотивацијата кога работите не се одвиваат според очекувањата и зајакнувањето на внатрешната сила. Преку личното искуство на Марко Пејчиновски, ќе се отворат и темите за дисциплината, вербата во себе, препознавањето на сопствените граници и значењето на одморот и поддршката од блиските.

Работилницата ќе поттикне размислување за тоа како предизвиците можат да придонесат за личен раст и нова мотивација, како да се справуваме со притисокот и очекувањата и како да воспоставиме рамнотежа меѓу личните амбиции и сопствената добросостојба, без да ги занемаруваме сопствените потреби и моментите кога ни се потребни пауза или помош.

Пејчиновски е познат по своите пливачки подвизи на долги дистанци, кои ги остварува и покрај специфичната здравствена состојба со која се соочува од рана возраст. На само 12 години го преплива Охридското Езеро на релација Свети Наум – Охрид, долга околу 25 километри. Во 2022 година ја заврши ултрамаратонската рута Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид, долга 64 километри, за околу 21 час и 41 минута. На 28 август 2025 година, пак, го совлада и модифицираниот триатлон „Ајронмен“, во времетраење од 19 часа и 49 минути, кој опфати трчање од Свети Наум до Струга на маратонска дистанца од 42,2 километри, велосипедска делница до Свети Наум и пливање до Охрид на 22,4 километри.

Учеството на онлајн работилницата е бесплатно, со задолжителна претходна пријава преку следниот линк: https://tinyurl.com/yde9dfvm 

Работилницата е дел од континуираните активности на „Реплек“ во рамките на платформата РЕсет за поттикнување ведар дух, здраво тело и ментална сила. Претходните едукативни работилници вклучија разговори со алпинистката и уметница Илина Арсова, Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ и д-р Александар Митов. Паралелно, „Реплек“ организира и активности за физичка активност со фитнес-инструкторката Елена Бубало, промовирајќи ја важноста на грижата за физичкото и менталното здравје. Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

 

Tags
Марко Пејчиновски
Реплек

Најнови

  • ЕДС

    Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 30 октомври 2026 изнесува 306,05 евра за мегават час, на МЕМО 324,86 евра за мегават час

    Fri, 10/30/2026 - 11:13
  • Афаф Елмради

    Комплексна операција на срцето и два ортопедски зафати: Приказната на Афаф Елмради

    Fri, 10/30/2026 - 10:50
  • Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

    Fri, 10/30/2026 - 10:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.