• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Претприемачки од Македонија на Форбс 30/50 самитот во Абу Даби по повод Меѓународниот ден на жената

12 март 2023, 18:00
  • cподели

М-р Михаела Ѓорчева и м-р Моника Илиева се двете претприемачки од Македонија кои земаа учество на Форбс 30/50 самитот, кој се одржа во Абу Даби од 7 до 10 март 2023 година по повод Меѓународниот ден на жената. Во рамки на самитот, нашите претприемачки остварија средба и со главниот и одговорен уредник на Форбс и основач на Forbes Under 30 листата, Рандал Лејн.

М-р Михаела Ѓорчева е дел од листата Forbes Under 30 – 2022 на која се истакнуваат по 30 најуспешни млади претприемачи во Европа, основач на единствениот македонски ланец на кина, Киноверзум и член на Управниот Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.

М-р Моника Илиева е претприемач и ко-основач на продуцентската и издавачка куќа Cafe De Anatolia. Од 2022 година станува член на Forbes Business Council организацијата за најуспешни претприемачи и бизнис лидери од целиот свет, по добиената ексклузивна покана.

Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50

На настанот кој беше организиран од престижното американско списание Форбс учество земаа некои од најзначајните светски жени лидери, меѓу кои и поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон, првата дама на Украина Олена Зеленска, лауреатката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи (виртуелно учество), познатата актерка и претприемач, Џесика Алба, Нејзиното Височество принцезата Ламија Бинт Мајед Сауд Ал Сауд од Саудиска Арабија, актерката и добитничка на Еми награда Кетрин О'Хара, новинарката и активистка Глориа Стајнем... Листата на сите говорници е достапна на следниов линк.

Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50 Форбс 30/50

Форбс 30/50 самитот обедини околу 500 успешни жени лидери. Настанот покажува како, за жените, искуството, мудроста и лидерството значат дека успехот повеќе нема рок на траење. Самитот беше отворен со гала вечера во Претседателската палата на Обединетите Арапски Емирати, а вклучуваше и гала вечера во музејот Лувр во Абу Даби на која беа доделени награди и признанија на Олена Зеленска, Били Џин Кинг, Малала Јусафзаи и Глориа Стајнем.

Форбс 30/50 Форбс 30/50

На гала вечерата во Лувр присуствуваше и Меј Маск, модел и диететичар, мајка на бизнисменот Илон Маск.

Форбс 30/50

Главниот фокус на настанот беше менторството. Светски лидери од политиката, бизнисот и невладините организации ги споделуваа своите искуства. Целта беше да се создадат врски кои ќе траат цел живот. М-р Михаела Ѓорчева имаше и 1:1 менторска сесија со Мика Брезински - претседавач на Форбс 30/50 самитот, основач на Know your value, водителка на американската утринска емисија, Morning Joe.

Форбс 30/50

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.