• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Премиерот Мицкоски со сопругата и македонската претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на премиерата на „Силјан“ во Скопје

5 јануари 2026, 15:15
  • cподели

Откако освои бројни награди и признанија и беше блиску до влегувањето во оскровската трка, „Приказната за Силјан“ беше прикажан пред домашната публика. Документарниот филм на Тамара Котевска доби стоечки овации на премиерата во Македонскиот народен театар во Скопје.

На свечената проекција присуствуваа самата режисерка и дел од екипата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски со сопругата Рози и министерот Зоран Љутков.

Котевска со широка насмевка ги пречека гостите во шик моден комплет со сако со перја на ракавите и панталони тип „ѕвонарки“ со предни шлицови на потколеницата.

Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје

По завршувањето на филмот, македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова ѝ честита на Котевска:

Вечерва присуствував на македонската премиера на „Приказната за Силјан“ документарен филм, опишан како филмски триумф, најголема инспирација и редок шармер! 

Филмот е моќна приказна за семејството, односите меѓу човекот и природата, борбата за пристоен живот. Се чини дека далеку од дома и од најблиските, полесно ја согледуваме и разбираме потребата од припадност некаде и некому. 

Во право е режисерката кога вели дека филмот добива најголема тежина пред  домашната публика, соочена со разбудените болни и искрени емоции. 

Честитки за Тамара Котевска и целата филмска екипа за достоинствената промоција на високите македонски филмски вредности. Добивме вредно филмско остварување, коешто верувам дека ќе биде инспирација за идни успеси!

Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски, кој беше придружуван од елегантната сопруга Рози, порача:

Вечерва имав чест да присуствувам на филмот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска дело кое уште еднаш потврдува дека македонската кинематографија има глас што одекнува далеку надвор од нашите граници, светско, а наше!

Филм што допира од Скопје до Њујорк, од Скопје до Лондон.

Искрени честитки за брилијантното остварување и надеж дека ова е само еден од многуте идни успеси со кои ќе се гордееме.

Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков истакна:

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска вечерва ја доживеа својата премиера во Скопје, отворајќи едно тивко, но длабоко емотивно филмско патување.

Ова е моќна македонска приказна за човекот и штркот Силјан, раскажана со исклучителна чувствителност, суптилност и визуелна убавина. 

Филм што својата светска авантура ја започна во Венеција, каде освои престижна награда, а потоа продолжи да ги освојува фестивалите ширум светот и беше откупен од National Geographic Documentary Films.

Вечерва, Силјан полета од Скопје и неговиот лет допрва ќе се памети.

Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје
Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје

„Приказната за Силјан“ беше македонски кандидат за Оскар, квалификуван во две категории – Најдобар странски филм и Најдобар документарец, но за жал, не влезе во потесната трка за престижната награди.

Инспириран од народната приказна за момчето Силјан, кое по кавга со татко му се претвора во штрк и го напушта својот дом, „Силјан“ претставува современа приказна за судбината на Источна Македонија, преку односот на еден земјоделец со бел штрк, како метафора за човечкиот опстанок, нежноста и надежта.

Трејлер за „Приказната за Силјан“

Tags
Приказната за Силјан
Тамара Котевска

Најнови

  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Емилија од Вкусот на дома

    „Моите омилени сарми и коматот со тиква на баба ми секогаш ми мирисаат на дома“: Емилија од Струга за готвењето традиционални јадења

    Mon, 01/05/2026 - 19:45
  • Премиерата на „Приказната за Силјан“ во Скопје

    Премиерот Мицкоски со сопругата и македонската претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на премиерата на „Силјан“ во Скопје

    Mon, 01/05/2026 - 15:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.