• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Предупредување: Италијанци споделуваат што би си кажале себеси пред пандемијата со коронавирус

18 март 2020, 21:15
  • cподели

Италијанци снимија видео со информации кои би сакале да ги знаеја пред пандемијата со коронавирус. Италија е најпогодената европска држава од КОВИД-19 со 35.713 заболени и повеќе од 4.200 смртни случаи.

„Се верува дека држави како Америка, Англија, Франција, Шпанија и Германија се на 10 дена од Италија во прогресијата на КОВИД-19. Замоливме луѓе од цела Италија да снимат порака која би си ја кажале себеси 10 дена претходно“ – стои во описот на видеото.

„Го потценивме ова, не мора и вие да го направите истото. Останете дома“ – е пораката на крајот.

Видео

Ова се само дел од пораките.

„Сигурна сум дека имаш слушнато за коронавирус и исто така сум сигурна дека го потценуваш.“

„Јас дури им се потсмевав на луѓето што носеа маски.“

„Престани да ѝ се потсмеваш на мајка ти што ти вели да си купиш маска и оди купи си... идиоту.“

„За 10 дена, животот повеќе нема да биде ваков.“

„Најлошото сценарио? Токму тоа ќе се случи.“

„Бројот на заразени во Италија ќе продолжи да се зголемува, што ќе ти биде доказ дека не е само срање како што ти си мислеше.“

„Сега работиш смртоносни смени во болницата.“

„Цела нација заглавена дома. Не очекуваше дека ќе дојде до тоа, а?“

„Болниците се преполни, има многу инфекции дури и кај младите луѓе.“

„Моментално има деца на наша возраст кои се интубирани на интензивна нега.“

„Овој проблем е многу посериозен отколку што верува најголемиот дел од светот.“

„Она што се случува е многу полошо отколку што си мислеше дека ќе биде. Ќе сфатиш дека само тоа што можеш да дишеш воздух во твојот дом е нешто за коешто веќе треба да бидеш благодарен.“

„На почетокот ќе си мислиш дека ќе полудиш и нема да можеш да го видиш крајот на тунелот.“

„Не си сам.“

„Ќе започнеш да ги гледаш истовремено убавината и грдотијата.“

„Ќе доживееш моменти на единство кои никогаш не си ги замислувала.“

„Седи дома.“

„Не си единствената личност на овој свет.“

Tags
коронавирус

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.