• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Празнично изненадување: Старец кој изгубил сè поради срцев удар си ги доби назад кучињата

21 декември 2015, 12:40
  • cподели

Старец, кој изгубил речиси сè што поседувал откако преживеал срцев удар, ги доби назад своите две кучиња. Емотивниот момент сега е вирален хит на Facebook.

Heres the video to the story!

Posted by Lindsay Marie on четврток, 17 декември 2015

Ветеранот чиј идентитет не е откриен, бил хоспитализиран во септември. Бидејќи немало кој да се грижи за кучињата Бејли и Блејз, тие биле привремено сместени во засолниште за животни. Но, откако поминале месеци во Центарот за животни, двете миленичиња биле објавени за посвојување.

Кога сопственикот се јавил за да праша како се „неговите бебиња“, му било кажано дека има оглас за нивно посвојување и дека за да ги добие назад, потребно е да плати за трошоците за огласувањето. Тој веднаш започнал да собира пари и имал намера да продаде едно од малкуте нешта кои му останале – автомобилот, не знаејќи дека мала армија на добродушни лица веќе вредно работеле за да му ја исполнат големата желба.

Вработените во центарот, со помош на волонтери, не само што собрале доволно пари за да му ги покријат трошоците, туку и му купиле храна, играчки и ваучери за кучињата.

Старецот го дочекал претпразничното изненадување со широка насмевка, солзи во очите и бакнеж упатен кон небото.

Старец

„Приказна со среќен крај за Божиќ. Кучињата на овој господин пристигнаа во засолништето за да ги чуваме на безбедно кога тој беше хоспитализиран поради тежок срцев удар. Но, на крајот, тие беа дадени за посвојување, бидејќи поради лошата здравствена состојба, тој не беше во можност да ги земе.

Тој загуби сè, вклучително и својот дом, но никогаш не престана да се јавува за да ги провери своите бебиња, дури и кога беше на болница и едвај можеше да зборува. Неодамна тој повторно се јави за да ни каже дека пронашол место за живеење и дека собира пари за да ги плати трошоците за да си ги врати кучињата, кои сè уште не беа посвоени.

Кога вработените и волонтерите дознаа за тоа, без да му кажат, го намалија износот за трошоците, собраа пари за да му помогнат да ги покрие и донираа храна, ваучери итн. Тој не знаеше за тоа додека не дојде да ги провери денес. Пресреќни сме што гледаме како Бејли и Блејз се враќаат заедно дома за Божиќ со својот татко, кој очигледно им недостигаше и се надеваме дека ќе имаат многу среќен празник“.

Старец Старец
Tags
куче

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.