Позираат пред Ајфеловата кула, се возат на ролеркостер во Дизниленд: Актерот Атанас Атанасовски со семејството во Париз
Македонскиот актер Атанас Атанасовски замина на семејна авантура во Париз.
Неговата сопруга Александра на Instagram сподели два албума со фотографии од патувањето со двете деца во француската престолнина.
На нив, синчето Павле и ќеркичката Една безгрижно трчаат пред Ајфеловата кула, уживаат пред музејот Лувр, се забавуваат низ детските паркови, а има и кадри од посета на модерно француско кафуле.
Омилените цртани ликови, лудо возење на ролеркостер и огномет за крај... Александра откри и како си поминале во Дизниленд.
Ова патување доаѓа само неколку денови по петтиот роденден на Една.