• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Посакувам да останев“: Девојката на Лиам Пејн во првото интервју по неговата смрт

6 февруари 2025, 11:32
  • cподели

Кејт Кесиди го даде првото интервју по смртта на нејзиниот сакан Лиам Пејн, кој почина по пад од балкон во хотел во Аргентина.

25-годишната девојка за првпат зборуваше за моментите кога ја дознала ужасната вест, како и за причините зошто си заминала од Буенос Аирес и се вратила во САД денови пред неговата смрт.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди

За потсетување, Лиам и Кејт заедно отпатуваа во Буенос Аирес за концертот на поранешниот колега од One Direction, Најл Хоран. Парот требало да престојува таму само околу една недела, но Лиам одлучил да го продолжат престојот. Кејт се врати дома четири дена пред неговата смрт, а по низа шпекулации за кавги меѓу нив, таа сега откри дека вистинската причина за враќањето во Флорида било нивното куче Нала.

„Имав одговорност, имавме одговорност. Го имавме нашето куче и очигледно е дека никогаш, ама никогаш не помислив дека ова ќе се случи“ – вели таа во интервјуто.

Кејт Кесиди

Kate Cassidy interview with the Sun pic.twitter.com/XDfI06qOhA

— nadine (@goodnightntyn) February 5, 2025

Кејт откри како дознала за неговата смрт и дека сè уште мисли на него „секоја секунда од секој ден“.

„Се чувствувам благословено што не дознав преку социјалните мрежи, бидејќи не можам ниту да си го замислам тоа. Бев во нашиот дом со нашето куче и прелистував на TikTok кога ми се јави еден од пријателите на Лиам.“

„Тој момент како да ми е празен, ми се затемни во главата. На почетокот не верував. Мислев дека е само гласина или нешто што некој го измислил за да добие повеќе гледаност онлајн. Потоа веднаш добив лошо чувство во стомакот. Се запраша: ‘Зошто некој би го измислил ова?’“.

„Кога официјално дознав дека е вистина, се вкочанив. Се обидов да му се јавам. Им се јавив на сите... Стапив во контакт со неговото семејство, а мајка ми го фати првиот лет за да биде со мене. Се сеќавам дека шетав низ куќата, а кутрата Нала мислеше дека се обидувам да играм и постојано скокаше на мене. Воопшто не спиев таа вечер“ – раскажа Кејт.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Таа ги поби гласините дека се карале во Аргентина и дека поради тоа си заминала дома.

„Пред да ја напуштам Аргентина, имавме преубав ден. Тој беше на многу добро место, бевме полни со љубов. Никогаш не очекував нешто од тоа да се случи.“

„Со зависностите, никогаш не знаеш кога ќе се појават. Тоа е многу сериозен проблем кој мислам дека е потценет и за кој малку се зборува... Да можев да ја предвидам иднината, никогаш немаше да ја напуштам Аргентина.“

„Знаете, ние имавме и наши сопствени животи – ова не беше првпат да патуваме одделно. Само што никогаш не помислив дека ова ќе се случи, дека ќе испадне онака како што беше. Сè уште не чувствувам дека ова е реално, дека тој не е тука.“

„За мене е лудо колку брзо можат да ти бидат одземени работите во животот. Никогаш не знаеш што носи утрешниот ден“ – рече таа.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Кесиди го најави интервјуто за The Sun преку социјалните мрежи. „Посакувам да останев“ – стои во насловот на британското списание на веста за неа.

„Изминатите неколку месеци беа вистински срцепарателни. Сè уште се надевам дека ќе се разбудам и ова ќе биде само лош сон. Тежината на сето тоа е неподнослива.“

„Сепак, откако примив илјадници пораки од фановите на Лиам кои бараат објаснувања во овие ужасни времиња, сакав да споделам каква беше врската со љубовта на мојот живот. Ова е моето прво интервју додека се справувам со болката поради загубата на Лиам...“ – напиша таа во својата објава.

Кејт Кесиди

Кејт и Лиам беа во врска две години, а таа неодамна откри дека тој планирал да се ожени со неа.

Кејт Кесиди Кејт Кесиди

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.