• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Порака на огледало: Сопруг состави листа зошто ја сака својата жена која се бори со депресија

11 декември 2015, 12:00
  • cподели

Грижлив сопруг ѝ остави на огледало прекрасна љубовна порака на својата сакана која се бори со депресија. Тој ѝ наброја 15 причини зошто ја сака за да ѝ пружи поддршка и љубов во најтешките моменти од нејзиниот живот.

Моли Марфи, која веќе извесно време се бори со депресијата, ја пронашла пораката од својот сопруг Тим во момент кога се чувствувала прилично лошо. Таа објави фотографија од милиот гест на Тим на Imgur, потенцирајќи дека луѓето треба да имаат разбирање за оние кои се соочуваат со ментална болест.

Моли

Причини зошто ја сакам мојата сопруга:

  1. Таа ми е најдобриот пријател;
  2. Никогаш не се откажува од себеси, ниту од мене;
  3. Ми дава време да работам на моите откачени проекти;
  4. Таа ме смее, секој ден;
  5. Таа е прекрасна;
  6. Таа ме прифаќа луд каков што сум;
  7. Таа е најљубезната личност која ја познавам;
  8. Пее прекрасно;
  9. Има посетено стриптиз клуб заедно со мене;
  10. Поминала низ тешка трагедија и сепак има најголем оптимизам за човештвото од сите што ги познавам;
  11. Секогаш целосно ме поддржува во професионалните избори кои ги правам и ме следела секогаш;
  12. Без да е свесна за тоа, таа ме поттикнува да правам многу повеќе за неа, одошто некогаш сум сакал да правам за кој било;
  13. Таа прекрасно напредува во својата кариера;
  14. Малите животни ја расплакуваат;
  15. „Грофта“ кога се смее.
Моли

„Не велам дека менталните болести се лечат со мили зборови на огледалото. Потребна е професионална помош, љубов, емпатија и понекогаш и лекарства за да се справиш со неа. Многу луѓе се борат со ментална болест, многу повеќе одошто ние си мислиме. И наместо да им се лутите и да им зборувате со омраза кога се однесуваат лошо, бидете љубезни кон нив и потсетете ги дека ситуацијата може и ќе биде подобра. Секој има потреба од помош некогаш. Ако вие не можете да помогнете, видете дали имате некакви ресурси за терапија“.

„Сите имаме лоши денови и понекогаш не се справуваме најдобро со нив. НО, ние сме партнери. Тој е тука за мене која се чувствувам лошо и го ценам тоа. И тој има лоши денови. Јас ќе бидам покрај него за да му ја држам раката, како што тој ја држи мојата. Животот знае да биде тежок. Одговорот е во тоа да не омаловажувате или да му потсмевате и подигрувате на никого. Бидете љубезни. Видете најдобрата верзија на себеси. И што е најважно бидете трпеливи.“

„Можеби ова се само неколку зборови на огледалото, но ќе ги погледнам кога ќе се разбудам и ќе знам дека не сум сама. Ќе знам дека го имам најдобриот пријател, мојот копилот да ме води низ животот“ – пишува Моли.

Моли
Tags
депресија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.