• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Поминување на црвено – 250 евра и привремена забрана за возење... Еве колку ќе ве чинат прекршоците уловени со „Безбеден град“

26 јануари 2026, 16:52
  • cподели

Започнува нова ера на сообраќајна контрола. Со цел зголемување на безбедноста, МВР преку системот „Безбеден град“ воведува строги контроли и „автоматизирано“ казнување. 

Тукушто беа и официјално објавени казните за прекршителите. 

Казни со „Безбеден град“

🚦 Прекршоци и санкции во рамки на проектот „Безбеден град“
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.
________________________________________
🏙️ Пречекорување на брзина во населено место
(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)
• до 10 km/h над дозволеното – 15 €
• од 10 до 30 km/h – 50 €
• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци
________________________________________
🛣️ Пречекорување на брзина надвор од населено место
(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)
• до 30 km/h над дозволеното – 20 €
• од 30 до 50 km/h – 50 €
• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци
________________________________________
🚦 Поминување на црвено светло
• 250 € глоба
• забрана за управување 3–12 месеци
________________________________________
🅿️ Непрописно запирање и паркирање
(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)
• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €
(во зависност од видот и тежината на прекршокот)
________________________________________
🚗 Учество во сообраќај со нерегистрирано возило
(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)
• 500 € глоба
• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €
________________________________________
⏳ Намалување на санкциите
• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата
• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок
________________________________________

Безбеден град

Многу граѓани се интересираа и дали би имало мали отстапки во однос на брзината. Како што појаснија од МВР за Мета.мк, толеранцијата ќе биде 6 км на час за брзини до 100 км на час, а 8 км на час за брзини над 100 км. Тоа би рекло дека ако низ град возите со 56 км на час во зона каде е дозволено до 50, нема да добиете казна, но доколку возите со 57 км на час, ќе заработите прекршок.

Паричните казни се преполовуваат, односно се плаќа 50%, доколку се подмират во рок од 8 дена.

Tags
Безбеден град

Најнови

  • Безбеден град

    Поминување на црвено – 250 евра и привремена забрана за возење... Еве колку ќе ве чинат прекршоците уловени со „Безбеден град“

    Mon, 01/26/2026 - 16:52
  • Veganuary во dm

    Veganuary во dm: омилените веган производи за вкусен и здрав почеток на годината

    Mon, 01/26/2026 - 16:36
  • Зимска бајка: Христина Пан пресреќна со трите ќеркички и сопругот на првиот роденден на малата Калија

    Mon, 01/26/2026 - 14:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.