• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Подгответе го вашето дете за првиот училиштен ден

21 август 2012, 07:37
  • cподели

Се наближува 1 септември – датумот кој за децата означува крај на безгрижната летна забава и почеток на учебната година. Ако вашето дете е во школска возраст и веќе неколку години е ученик, подготовките за големиот ден сигурно ви станале рутински, па нема се соочите ниту со најмала паника.

Но, ако вашето најмило треба за првпат да седне во училишните клупи, ситуацијата се менува. Првиот училиштен ден носи комплексни емоции и кај детето и кај родителите, затоа што е важен момент во развивањето на детето и неговото израснување во независна и самостојна индивидуа. Очекувајте возбуда, солзи, радост и страв во детските очи, нетрпение и неизвесност поради судирот со нова средина, нови правила, нови пријатели.

Дете за време на првиот училишен ден

Запомнете, вашето дете многу потешко ќе се справи со предизвикот без ваша помош, бидејќи седнувањето во училишните клупи е огромна промена за него. За успешно да го подготвите вашето дете за првиот училиштен ден, и самите вие треба да направите мало истражување. Дознајте кои ќе бидат неговите активности за време на часовите, научете кога започнува и завршува училиштниот ден, испланирајте како ќе се храни, а потоа известете го за деталите. Колку подетално ќе го информирате, толку помал ќе биде неговиот страв.

Еве што можете да направите за да го претворите почетокот на образованието на вашето дете во позитивно искуство:

  • Прилагодете му го распоредот за спиење на смените на училиште. Многу деца имаат лоша навика да си легнуваат доцна навечер и да стануваат доцна наутро, понекогаш дури и напладне. Но, со доаѓањето на првиот училиштен ден, тие навики треба да исчезнат. Ваша задача е да го привикнете детето на новиот распоред на спиење, барем една седмица пред да го слушне првото училишно ѕвонче. Така утринското будење нема да му предизвикува дополнителен стрес.
  • Посетете го училиштето заедно. Запознајте го вашето најмило со училишната средина каде ќе минува голем дел од своето време. Прошетајте се до училиштето, обиколете го училиштниот двор и доколку е можно, однесете го да ја посети својата училница. Така ќе се чувствува порелаксирано на првиот училиштен ден, затоа што ќе биде на познат терен. Во најдобар случај би требало предвреме да ја запознае и својата учителка за да се чувствува посигурно.
  • Смирено објаснете му што ќе се случува првиот ден. Кажете му дека првиот ден ќе запознае многу другарчиња и дека ќе треба да се претстави пред нив. Дајте му до знаење дека учителката ќе му помогне ако нешто му е потребно, а дека вие ќе го чекате пред училиштето кога ќе излезе од него. Цело време кажувајте позитивни зборови, затоа што ако вие зборувате за училиштето како за нешто возбудливо, и вашето дете ќе го мисли истото.
  • Читајте му книги или текстови за деца во кои е опишан првиот училиштен ден. Изберете книги каде секоја училишна активност е опишана на позитивен начин или најдете емисии во кои омилениот лик од цртаните за првпат оди во училиште и е среќен поради тоа. Искористете ја вашата креативност.
  • Убедете го дека и на училиште ќе може да прави дел од своите омилени активности и дека ќе се забавува. Размислете кои активности му се омилени на вашето дете (дружење, боење, цртање, сечење и лепење на сликички, читање приказни) и објаснете му дека истите ќе ги прави и во школските клупи. Така кај него ќе создадете позитивни очекувања.
  • Укажете му дека секогаш може да ѝ се обрати за помош на учителката. На тој начин вие ќе му влеете сигурност, особено ако тоа претходно ја запознало. Вашето најмило ќе знае дека има некој во училницата на кого може да му верува, па ќе се чувствува порелаксирано.
  • Научете го како да склопува пријателства. Вежбајте со него употреба на социјалните вештини. Колку повеќе пријатели ќе стекне вашето најмило во училишните клупи првиот училиштен ден, толку поголем ќе биде неговиот ентузијазам кога ќе се упатува кон училиштето следниот ден.
  • Посочете му со кои други деца ќе оди на училиште. Ако сте во можност, поканете ги идните соученици на вашето дете во вашиот дом и дајте им можност да се запознаат подобро.
  • Купете го заедно потребниот училиштен прибор, но гледајте тој да му биде забавен. За време на купувањето, одете заедно и дозволете му тоа само да си ги избере потребните предмети за на училиште. Веројатно ќе си избере тетратки, пенкала, моливи и гуми за бришење со ликови од омилените филмови. На тој начин кај детето ќе создадете желба да ги искористи истите и ќе му изградите позитивни очекувања.
  • Ако вашето дете знае да пишува, нека си ги потпише своите тетратки. Доколку вашето дете умее да си го напише името, неколку дена пред стартот на учебната година дајте му да ги потпише сите тетратки.
  • Научете го на основните училишни правила. Кажете му дека треба да одржува тишина сè додека учителката не му каже дека може да зборува, дека со подигање на раката треба да побара дозвола за одење во тоалет или за зборување, дека треба да биде пријателски настроено кон останатите деца итн.

Запомнете: што и да правите, треба да звучите убедливо. Не дозволувајте вашето најмило да забележи дека и вие сте загрижени.

Нормално е кај вас да се појават мисли како „Што ако не успее да се вклопи во новата средина?“, „Што ако другите деца не го прифатат?“, „Што ако некој го повреди?“... Верувајте во вашето дете и во неговите способности за адаптација и решавање на евентуалните мали проблеми.

Tags
првиот училишен ден
дете

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.