• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Почивајте во мир деца наши“: Емотивна изведба на Игор Џамбазов на „Ако утре ме нема“ во чест на жртвите во пожарот

24 март 2025, 09:14
  • cподели

Игор Џамбазов со огромни емоции ја отпеа песната „Ако утре ме нема“ од ДНК.

Македонскиот пејач напиша дека песната со денови го прогонувала, па реши да ја отпее во чест на жртвите во пожарот во Кочани.

Игор Џамбазов

Во описот, Игор напиша:

Песнава ме прогонува.
Со денови наназад ми дише во врат.
Како потстанар да ми е во мозокот.
Како краста што не зараснува.
Како доказ за бесмисленоста на животот.
Како опомена за идните генерации.

Почивајте во мир деца наши...

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Пред неколку дена, Игор со емотивен пост се збогуваше со својот пријател Андреј од ДНК.

Игор Џамбазов

Прочитајте ја неговата порака објавена на социјалните мрежи:

Пријателе...

Немам зборови.

Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.

Уште помалку да пеам.

Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...

Сонувај спокојно...

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Ужасната трагедија, која одзеде 59 животи на млади наши сограѓани, се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Игор Џамбазов

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.