• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

По стапките на принцезата Дијана: Меган Маркл и принцот Хари однесоа радост во детска болница во Мелбурн

14 април 2026, 14:30
  • cподели

Меган Маркл и принцот Хари ја започнаа својата посета на Австралија со емотивна посета на Royal Children's Hospital во Мелбурн, каде однесоа насмевки и радост за најмалите пациенти.

44-годишната војвотка од Сасекс изгледаше елегантно во фустан од Karen Gee и салонки од Dior покрај 41-годишниот принц додека се дружеше со дечињата и разговараше со нивните семејства.

Оваа посета има и силна симболика, бидејќи истата болница ја посетија и принцезата Дијана и сегашниот крал Чарлс III за време на нивната турнеја низ Австралија во 1985 година.

Меган и Хари беа пречекани од стотици деца, родители и медицински персонал, кои со воодушевување ги поздравуваа и позираа со нив за фотографии.

Од болницата истакнаа дека ваквите посети имаат огромно значење за пациентите. 

„Погледнете наоколу. Можете да ги видите толпите луѓе, насмевките на нивните лица и што значи ова за нив. Сите се апсолутно воодушевени. Многу од овие пациенти се тука веќе подолго време и често се враќаат во болницата, па ваквата радост навистина значи многу за нив“ – изјавила претседателката на Управниот одбор болницата за People.

Посетата на Мелбурн е само почеток од австралиската турнеја на кралскиот пар, која ќе опфати и активности поврзани со менталното здравје, поддршка на ветерани и зајакнување на заедниците, теми кои се длабоко поврзани со долгогодишната хуманитарна работа на принцот Хари.

Tags
Меган Маркл
принцот Хари

Најнови

  • Ирена Карамачоска со семејството

    „Сама си ја избричив главата пред да почне да ми паѓа косата“: Ирена Карамачоска за дијагнозата рак на дојка 6 месеци по породувањето

    Tue, 04/14/2026 - 15:35
  • По стапките на принцезата Дијана: Меган Маркл и принцот Хари однесоа радост во детска болница во Мелбурн

    Tue, 04/14/2026 - 14:30
  • „Магично, магично“: Германецот Фин со вирално видео од атмосферата во Бигорскиот манастир на Велигден

    Tue, 04/14/2026 - 13:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.