• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

По нуклеарната катастрофа, се вратил во Фукушима за да се грижи за напуштените животни

23 март 2015, 13:30
  • cподели

По несреќата која се случи во март 2011 година во нуклеарната централа Фукушима во Јапонија, беа евакуирани сите жители од околината поради зголемената радијација. Но, додека сите заборавија на животните, единствено Наото Мацумура се врати да се грижи за нив.

55-годишниот Јапонец, нарекуван „чуварот на животните во Фукушима“, веќе 4 години се грижи за животните, а храната и водата ги добива преку донации. Тој живее во малото гратче Томиока, кое е оддалечено 11 километри од нуклеарната централа.

 Наото Мацумура  Наото Мацумура

По евакуацијата, Наото и неговото семејство имале тешкотии да најдат покрив над главата. Камповите за спасување биле преполни, а семејството било одбиено да престојува и кај блиски роднини. Во таа ситуација, несебичниот Наото решил да се врати во својот дом и да ги провери животните на семејната фарма.

„Нашите кучиња не беа нахранети во првите неколку дена. Кога им дадов јадење, кучињата на соседите започнаа да полудуваат. Отидов таму за да ги проверам и видов дека сите се врзани. Претпоставувам дека сите заминаа од градот мислејќи дека ќе се вратат дома за околу една недела. Оттогаш јас ги хранам сите кучиња и мачиња секој ден... Тие беа нетрпеливи, па сите се собираа и лаеја громогласно веднаш штом ќе го чуеја мојот камион. Каде и да одев се слушаше лаење, како да ми велеа „ние сме жедни“ или „ние немаме никаква храна“. Па јас постојано кружев наоколу“ – изјавил Наото за VICE.

КучеКучето Чудо фотографирано кога било пронајдено од Наото и неколку месеци подоцна  Наото Мацумура  Наото Мацумура  Наото Мацумура  Наото Мацумура

Откако бил подложен на тестирање, Наото бил предупреден дека е изложен на висок степен на радијација, но дека нема да ги почувствува последиците во наредните 30-40 години. „Ми кажаа дека нема да се разболам во следните 30 или 40 години. Дотогаш ионака ќе бидам мртов, па тоа ни најмалку не ме загрижува“ – додал Мацумура.

 Наото Мацумура  Наото Мацумура

И покрај тоа што владата му забранила да остане во озрачената зона, несебичниот Јапонец одбива да замине и да ги напушти животните.

 Наото Мацумура  Наото Мацумура  Наото Мацумура  Наото Мацумура
Tags
хуманост

Најнови

  • Принцезата Кетрин на 44-тиот роденден порача дека е благодарна и откри што значи да е жива по борбата со ракот

    Fri, 01/09/2026 - 12:08
  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.