• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

По борбата со ракот ѝ рекле дека има 0% шанси за бременост, се случи чудо додека се обидувале да добијат бебе од сурогат

5 февруари 2025, 10:47
  • cподели

Некои парови минуваат трнлив пат додека да се остварат во улога на родители. Едни од нив се Миа и Пјер Хоеман.

Нивната борба за бебенце започнала уште пред неколку години. Но, денес тие уживаат држејќи ги во прегратка своите две дечиња - едното родено по природен пат, а другото со помош на сурогат-мајка.

Миа и Пјер

Миа во минатото се имала изборено со рак на грлото на матката. Токму поради операцијата која ѝ го спаси животот, докторите ѝ велеле дека нема никакви шанси да забремени по природен пат. Нејзе ѝ било отстрането грлото на матката и ѝ бил поставен цервикален серклаж, поради кој природното зачнување би било невозможно.

Болеста нејзе ѝ била дијагностицирана во 2013 година. „Имав голема канцерогена маса зад грлото на матката, па морав да направам операција наречена радикална трахелектомија. Тоа е всушност како половина од хистеректомијата, со надеж дека ќе се зачува одредена плодност“ – изјавила Миа за операцијата.

„Тогаш дознавме дека поради операцијата, нема да можам да забременам по природен пат. Мојата единствена надеж би била вештачко оплодување. И во март 2022 година, тоа и го направивме“ – дополнила таа.

По шест рунди на инвитро оплодување, Миа конечно видела позитивен тест за бременост. Но, за жал, нивната најголема радост била срушена кога доживеала спонтан абортус во 2023 година.

Миа и Пјер

Миа и Пјер имале уште неколку останати ембриони за трансфер, но нејзиното тело минало низ толку голема траума, што ги натерала да размислат дали да продолжат со оплодувањето.

„Тогаш имав 42 години и дојдов до точка кога едноставно не можев да правам повеќе ИВФ третмани“ – рекла Миа и додала дека докторите ги советувале да размислат за сурогат-мајка.

Миа и Пјер

Брачните партнери започнале да истражуваат агенции кои ќе им бидат соодветни за да започнат со оваа нова процедура. Во јуни 2023 година, тие стартувале со медицинските подготовки и запознавањето со сурогат-мајката.

Додека ја воделе целата процедура, Миа почувствувала чудни симптоми, кои ја натерале да се посомнева на инфекција во бубрегот.

„Во август, имав крварење и силни болки во грбот. И претходно сум била хоспитализирана поради инфекција во бубрегот, па помислив дека истото е и овој пат. Но, испадна дека не е инфекција на бубрегот – јас всушност бев бремена во вториот месец.“

„Бевме комплетно изненадени. Бидејќи за време на операцијата ми го отстранија грлото на матката и ми ставија нешто што се вика серклаж, пет доктори ми кажаа дека нема никогаш да забременам по природен пат“ – рекла Миа.

Овој момент бил комплетно изненадување за двајцата. Тие сега морале да одлучат дали да продолжат со сурогат-мајката или да ја откажат процедурата.

„Не бевме сигурни што ќе се случи со мојата бременост. Крварев до четвртиот месец од бременоста. Докторите ми велеа дека бебето изгледа добро, но да не се надевам многу. Така, ние одлучивме да продолжиме и со сурогат-мајката“ – изјавил парот.

Иако морала да мирува во голем дел од бременоста, Миа се породи во 36-тата гестациска недела и на свет донесе здраво девојче.

Миа и Пјер

По неколку месеци, парот го доби и второто детенце од сурогат-мајката и сега ужива во животот како четиричлено семејство.

Миа и Пјер Миа и Пјер Миа и Пјер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.