• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

По 9 неуспешни инвитра и 4 спонтани абортуси пар конечно ќе добие бебенце зачнато со инвитро во „Плодност“

28 јануари 2025, 09:45
  • cподели

И покрај сите потешкотии, многу парови не се откажуваат од желбата да станат родители.

Од болницата „Плодност“ споделија уште една фасцинантна приказна за брачни партнери кои 15 години се борат со неплодност, но сега конечно се на пат да го земат в раце своето мало чудо.

Пациентката минала низ 9 неуспешни инвитро процедури и доживеала 4 спонтани абортуси, од кои последниот во 22-рата недела од бременоста. Но, никогаш не се откажала од својот мајчински сон.

Трудница

Прочитајте ја целосната објава од реномираната болница за гинекологија и акушерство:

ФАСЦИНАНТНА ИВФ УСПЕШНА ПРИКАЗНА: Кога вербата и упорноста на еден брачен пар ги надминуваат сите пречки на патот за да го остварат својот сон да станат родители!

Пациентка која 15 години се бори за мајчинство, со 9 ин-витро обиди и 4 спонтани абортуси, од кои последниот во 22-та недела, никогаш не се откажа. Секој нов обид, секоја загуба беа само дел од нејзината борба за остварување на нејзиниот сон.

После внимателна анализа на процесите и историјата на овој исклучително специфичен случај, изработивме детален план и решивме да постапиме на следниот начин:

  • Замрзнување на ембрионите: Со цел да обезбедиме највисок квалитет и да ја зачуваме генетската стабилност, направивме замрзнување на ембрионите користејќи најсовремени техники, процес кој гарантираше минимално оштетување на ембрионите при одмрзнување и максимални шанси за успешна имплантација.
  • Лапароскопски превентивен серклаж: Со оваа минимално инвазивна процедура обезбедивме дополнителна стабилност на грлото на матката, со цел да ја спречиме евентуалната ризична дилатација во текот на бременоста. Оваа техника овозможува побрзо закрепнување и значително ги намалува ризиците од понатамошни компликации.

Создадовме најдобри можни услови за оваа бременост успешно да напредува и веруваме дека ќе успееме да го претвориме најголемиот сон на овој брачен пар во реалност.

Tags
Болница Плодност

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • Прирачник против врсничко насилство

    Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

    Fri, 07/10/2026 - 14:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.