• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

По 7 спонтани абортуси, илјада дена борба со неплодноста и стотици инјекции пар доби близнаци

21 јануари 2021, 09:02
  • cподели

„Колку е поголема твојата бура, толку посветло е твоето виножито“ – вели Ешли Хајмбак, која по долга борба со неплодноста, доби близнаци со помош на ин витро.

35-годишната мајка и нејзиниот сопруг Алекс поминале тежок пат за да ги добијат нивните мали чуда. Неодамна, Ешли сподели моќна фотографија и накратко ја раскажа нивната приказна. Нејзината порака до сите кои минуваат низ истиот пат е да не губат надеж.

Ешли Хајмбак

Фрустрација, лутина, тага, збунетост, страв, загуба, надеж – сите овие се чувства кои ги имав во текот на нашето патување низ неплодноста. Најмногу од нив ме обземаа истовремено. Најчесто чувствував толку тешко бреме, што ми се чинеше дека пропаѓам во жив песок, тонејќи во непознатото.

Имаше многу денови кога чувствував дека ја изгубив радоста, дека повеќе не сум она што бев. Има денови кога сè уште ми се чини дека никогаш нема да бидам она што бев некогаш.

Но, секое утро се будев, го ставав едното стапало пред другото, решена да пронајдам одговори. Имав желба да го превртам секој камен, несакајќи да ја изгубам мојата надеж.

Секогаш си велев: „Што ако твоето чудо е зад следниот агол?“

Потрошивме 1.057 дена обидувајќи се да зачнеме дете.
Стотици и стотици инјекции.
Стотици и стотици апчиња.
Стотици лекарски посети.
8 операции.
7 интервенции.
6 ин витра.
7 спонтани абортуси.

Болката во срцето ќе трае засекогаш.

Но, ние исто така имавме и една победа.

Потребна е само една победа.

Нашата победа ни ги донесе нашите две чуда.

Како што велат, колку е поголема твојата бура, толку посветло е твоето виножито.

Ешли открила дека не може да забремени природно во 2018 година. Докторите ѝ соопштиле дека јајниците ѝ се блокирани и дека има 0% шанси да забремени без интервенција.

Парот потрошил речиси 100 илјади долари на 6 ин витра, направени во 22 месеци.

„Менталниот ефект е многу потежок од физичкиот. Во тој период, бев многупати тестирана и физички и емотивно и ментално. Никогаш во животот не сум била толку истоштена, а истовремено полна со надеж. Постојано си повторував: ‘Ако има волја, има начин. Што ако нашето чудо е веднаш зад следниот агол?’ Тие едноставни мисли ме водеа низ најтешките денови“ – раскажува Ешли.

Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак

Среќната мајка вели дека моментот кога откриле дека ќе имаат близнаци бил магичен.

„За време на ултразвукот видовме две бебиња. БЛИЗНАЦИ! Дури имавме можност да ги слушнеме двете срца како чукаат истовремено и тоа беше најмагичниот момент од нашите животи“ – вели таа.

Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак

Бебињата Ривер и Брукс се родија 4 недели предвреме, но сега одлично напредуваат.

Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак

„До сите кои се борат со неплодност, ве гледам и се надевам дека ќе продолжите да се надевате. Вашата битка е дел од вашата голема приказна – вашето лудо, срцепарателно, прекрасно, радосно патување. Ако се борите да станите мама и тато, се надевам дека ќе ја држите главата горе и дека ќе продолжите да го превртувате секој камен додека не дојде и вашето чудо“ – им порачува Ешли на сите кои се соочуваат со неплодност како нив.

Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак

Ешли често објавува фотографии од слатките синчиња.

Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак Ешли Хајмбак
Tags
инвитро
неплодност

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.