• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пинк возврати на лажната вест дека се разведува по 20 години брак: „Благодарам што ми кажавте, кажете им и на моите деца“

27 февруари 2026, 09:09
  • cподели

Пинк не остана рамнодушна на лажните вести дека се разделила со сопругот Кери Харт по вторпат во 20 години брак.

46-годишната пејачка остро им возврати на списанието People и US Weekly кои објавија текстови во кои, повикувајќи се на неименуван извор, тврдеа дека парот повторно се разделил.

Пинк се огласи на својот Instagram профил со видео во кое ги демантираше наводите, нарекувајќи ги „лажни вести“.

„Тукушто дознав дека сум разделена од сопругот. Не знаев. Ви благодарам People магазин. Ви благодарам и на US Weekly што ми кажавте“ – вели таа саркастично во видеото.

Пинк додаде и дека нејзините деца, 14-годишната Вилоу и 9-годишниот Џејмсон, исто така „не се информирани“ за наводната разделба.

„Се прашувам, дали сакате и на моите деца да им кажете? Моето 14-годишно и моето 9-годишно дете исто така не знаат. Или можеби сакате да зборувате за некои вистински вести?“ – рече пејачката.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by P!NK (@pink)

Пинк и Кери Харт се во брак од 2006 година. Тие кратко се разделија во 2008 година, но набрзо повторно се смирија. Парот има две деца, а нивниот брак се смета за еден од постабилните бракови во светот на славните.

Tags
Пинк

Најнови

  • Музичката сензација Јаков Јозиновиќ доби награда на „Златна бубамара“ и ја освои публиката со „Оливера“ на Балашевиќ

    Fri, 02/27/2026 - 09:59
  • Пинк возврати на лажната вест дека се разведува по 20 години брак: „Благодарам што ми кажавте, кажете им и на моите деца“

    Fri, 02/27/2026 - 09:09
  • Весна Алексовска

    „Коските ми пукаа дури и од обично гушкање“: Весна Алексовска искрено за животот со ретка болест

    Thu, 02/26/2026 - 15:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.