• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Пиев 15 години, алкохолот ми беше сè“: Македонскиот рапер Таско се отвори за откажувањето од порокот

6 август 2025, 06:55
  • cподели

Христијан Тасковски со искрена исповед за победата над порокот наречен алкохол цели да инспирира промена кај оние кои се во слична ситуација.

Македонскиот рапер решително ја напушти сенката на зависноста и ја прегрна светлината на трезноста, а сега се труди и на други да им помогне да излезат на „другата страна“.

Таско

Во продолжение е неговата лична исповед која можеби ќе биде искрата што некому ќе му го осветли патот кон слободата.

15 години во темнината – 8 месеци во светлина

Пиев 15 години.

Секој втор ден, алкохолот ми беше сè – утеха, бегство, изговор. Го изгубив времето, луѓето, љубовта. Се изгубив себе. Се будев со треперливи раце, со глава тешка како камен, со срам кој не сакаше да молчи.

Но една вечер, нешто се скрши. Или можеби – се роди.

Одлучив. Последната чаша беше последната капка. Оттогаш поминаа 8 месеци. 8 месеци без алкохол. 8 месеци борба. 8 месеци вистински живот.

Не е лесно – но вреди. Повторно дишам. Повторно сум буден. И конечно сум присутен.

Првата недела на мојата вистинска промена:

ДЕН 1: Одлуката

- Си признав: „Имам проблем.“ Не за светот, туку за себе. Напишав зошто сакам да се променам. Тоа ми е потсетник кога ќе затреперам.

ДЕН 2: Поддршката

- Кажав на еден човек што го почитувам дека не пијам. Тоа беше мојата сопруга. Барав поддршка, не сожалување. Кога луѓето вистински те сакаат, ќе те поддржат безусловно во твојата борба.

ДЕН 3: Чистење

- Го исчистив домот од сè што ме искушува. Ги фрлив шишињата. Секоја фрлена капка беше чекор поблиску до слободата.

ДЕН 4: Телото е мојот сојузник

- Започнав со вежбање. Почнав да пијам многу вода. Јадев нешто што навистина го храни телото, не што го уништува.

ДЕН 5: Нови навики

- Времето кое порано го трошев пиејќи – го заменив со пишување, дружење со моето семејство и слушање музика. Открив дека има нешта кои ме полнат со мир.

ДЕН 6: Простување

- Си простив. Не заборавив – но си простив. Минатото не ме дефинира. Јас сум промената што ја градам, не грешката што сум ја направил.

ДЕН 7: Новото јас

- Напишав писмо до себеси од пред една година. Му кажав дека има надеж. И секое утро си повторувам: „Јас сум жив. Јас сум вреден. Јас сум трезен. Чим стигнав до тука, можам да стигнам подалеку.“

Секој ден ми е нова шанса. Не е лесен патот. Но јас одам. И не се враќам назад.

Ако си на почетокот – не се плаши. Ако можев јас, можеш и ти.

Добредојде на Другата Страна.

View this post on Instagram

A post shared by Otherside (@theotherside.mk)

Таско е во брак со сопругата Наташа од 2022 година. Тие се родители на две деца – синот Лукијан и ќерката Кирјана.

View this post on Instagram

A post shared by TashaRay (@tasha_ray_)

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.