• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

PHI-Prostate Health Index - прв револуционерен тест за детекција на канцер на простата единствено во Биотек Лабораторија

26 јануари 2017, 12:08
  • cподели

БИОТЕК Лабораторија повторно уникатна и единствена, во новата година воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, меѓу кои и револуционерната анализа: PHI-Prostate Health Index, односно нов тест со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија.

Биотек Лабораторија

Одредувањето на простата специфичен антиген (PSA) е една од најчестите скрининг методи за канцер на простата. Kанцерот на простата предизвикува промени во структурата на жлездата што доведува до “истекување” на PSA во циркулацијата. Но зголемена концентрација на PSA може да се јави од не-канцерозни состојби, како што е бенигната простатична хиперплазија. Исто така се детектираат и голем број на споро растечки тумори кои може да перзистираат долги години без субјективни здравствени тегоби.

Заради тоа многу мажи со покачени вредности на PSA се одлучуваат на други дијагностички процедури како што е биопсија на жлездата.

Секоја биопсија на простата вклучува ризик резултатот да биде негативен. Се смета дека само 25% од биопсираните пациенти имаат канцер. Тоа е добро, но биопсијата носи несакани последици и ризици како инфекција, крварење, треска, уринарни проблеми, болка.

Погрешната дијагноза и оперативен третман често се причина за оштетувања како: еректилна дисфункција, уринарни и цревни проблеми и сериозни хируршки компликации.

Скринингот со PSA направи драстична редукција на дијагнозата на канцер и метастатски промени, но стана лимитирачки специфичен и контроверзен заради доста лажно позитивни резултати и непотребни биопсии, како и детекција на некои “троми” тумори кои не се опасни по животот на пациентот.

Од таа причина, Светската Здравствена Организација го одобри револуционерниот алгоритам на Beckam CoulterPHI - Prostate Health Index како директива за ДА ИЛИ НЕ БИОПСИЈА.

Што е всушност PHI? Prostate Health Index e нова формула базирана на алгоритам изведен од резултатите на трите најнови тестови за дијагностика на канцер на простата: Hybritech PSA, Hybritech free PSA и Hybritech p2PSA.

Биотек Лабораторија

Софтверскиот алгоритам автоматски ги калкулира добиените резултати со сложена формула ((-2) pro PSA/free PSA) x vPSA).

Светската здравствена организација го признава PHIкако насока кај пациенти со висок PSA над 4ng/ml за избегнување на непотребни инвазивни методи.

Овој тест има ФДА одобрување и е ставен во протоколот на Европскиот водич за уролошки испитувања.

Aко се потпреме сaмо на овој индекс и не се направи биопсија, дали постои ризик нешто да се пропушти?

Напротив, Светската здравствена организација го одобри PHI на Beckamn Coulterкако точен индикатор иза вредности на PSA од 4-10 ng/ml. И над 10 ng/ml базирано на бројни истражувања од последните 4 години во Америка и Европа.

Клиничките истражувањапокажуваат дека многу канцери на простата и значаен број на високо-градуирани (малигни) канцери се најдени и кај пациенти кои имаат и нискивредности на PSA од 2-4 ng/ml. Во студија од 2.950 мажи (возраст од 62 до 91 година), со вредност на PSA ≤ 4 ng/ml, кај 449 мажи е дијагностициран канцер на простата (15,2%).

Bеckman Coultar PHI e дизајниран да му помогне на лекарот да го идентифицира секој пациент со примена на сеопфатен пристап за проценка на ризик. Клиничките критериуми за интерпретација се направени за мажи со резултати во овој ранг. PHI овозможува спојување на сензитивност (способност за детекција на канцерот) и специфичност (можноста за избегнување на лажно позитивни резултати), донесувајќи информирана, урамнотежена одлука да се предложи биопсија. Eдинствено во БИОТЕК Лабораторија се изработува овој индекс со комбинација на тестовите Hybritech p2PSA, Hybrtech PSA и Hybritech free PSA.

БИOTEK лабораторијата е прва приватна специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремена технологија и реагенси од областа на молекуларната, микробиолошката и биохемиско – имунолошката дијагностика. Се наоѓа на ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија.

За повеќе информации посетете ја Веб страницата www.bioteklab.com.mk или јавете се и закажете веднаш на +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294.

Промотивен текст

Tags
Биотек Лабораторија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.