• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Персоналот едвај ме разбудил од анестезија“: Самохрана мајка на три деца од Македонија со силна порака по операцијата

11 мај 2026, 12:42
  • cподели

На Денот на мајките, Дороти Пачкова со искрена исповед допре до срцето на многумина.

Самохраната мајка на три деца од Скопје, која е основачка на Здружението „Една може“ и е долгогодишен активист за родова еднаквост и права на жените, напиша текст со силна порака за мајчинството, стравовите и силата да продолжиш напред дури и кога мислиш дека не можеш повеќе.

Во објавата на Facebook, Дороти отворено зборува за годините поминати како единствен столб на децата и за неодамнешната операција од која едвај ја разбудиле.

Нејзините зборови се потсетник дека зад секоја силна мајка стојат тивки битки кои ретко кој ги гледа. Еве го целиот текст:

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките 💜

Во растењето на моите три деца, немав „десна рака“.
Ги носев, доев, тешев, исправував на нозе сама.
И паралелно, со години, се исправував и себеси.
И исправував неисправливи други пречесто…

Се појавував за нив со ковид, со температури, со бактерии, со скршено срце, со загубени битки, по веложивотни пријателства загубени, со грижа за други луѓе, со пропаднати проекти, по абортирани бизнис зделки, по погреби и загуби, по непреспиени ноќи, по хенговер, и по денови кога душата ми била празна, а телото исцрпено.

Речиси 15 години за мојот првороден човек.
Речиси 6 години за мојата срединка, шлагчето на нашето семејство, Ноа.
И 4,5 години за мојата принцеза Софи.

И покрај сè, кога минатата недела добив експресен термин за операција, првата мисла не ми беше за мене.
Беше стравот:
„Ако нешто тргне наопаку, моите деца ќе останат сами на светов.“

Па се обидов тој страв да го рифрејмувам.
Да го видам болничкиот престој како дозвола конечно да здивнам. Да одморам. Да престанам барем накратко да бидам столбот што постојано држи сè и сите.

Но, утрото пред да заминам во болница, се случи неочекуваван пресврт.

Го гледав домот како првпат да го гледам.
Ги бакнував нивните работи наместо да ги пакувам моите.
Ми доаѓаше да ги галам креветчињата. 
И си дозволив да плачам од длабока, речиси болна благодарност што токму мене ми е дадено да бидам нивна мајка, да ги гледам како растат, како им менуваат очите нијанси кога ги шибаат емоции и како ме гледаат со заљубени очи кои веруваат дека мојот бакнеж е лек за се и нивното секое “мамо крени ме” посакувам да го понесам во вечност! 

На прием задоцнив.
И воопшто не ми беше важно.

Првиот ден спиев како што не памтам дека сум спиела со години.
Вториот ден ме оперираа, а персоналот едвај ме разбудил од анестезија. Едноставно сум се искчучила… 
Третиот ден повторно се враќав во својата кожа.

А за Денот на мајките, сама се вратив дома.
Со завои од канили, со преврски, со попатно испазарени полни кеси за следната недела мирување и со срце полно благодарност што во мене сè уште чука силата на живиот живот.
Благодарна што исклучувањето траеше кратко и што им се враќам на најљубените.

И за таа океанска љубов со која ги растам нив. Душите на мојата душа♥️♥️♥️

Во Развојната академија работиме на личен развој, резилиентност и психолошка издржливост.
Но вистината е дека најдлабокиот развој не се случува кога сме совршени, туку кога сме распукани 🫠💥🌟и сепак продолжуваме да сакаме, да носиме, да создаваме и да се појавуваме за тие што зависат од нас и за самите себе.

За секоја мајка што минува низ операции, развод, кариерни предизвици, селидби, транзиции, пукнатини, замори, разочарувања и битки - а сепак останува најсигурната конекција во животот на своите деца и на сооственото битие:
Те гледам.
Те разбирам.
И длабоко те почитувам. 🤍

Tags
Дороти Пачкова

Најнови

  • Сиена Милер на 44 години го доби третото дете со 16 години помладиот партнер: „Лудо сум заљубена“

    Tue, 05/12/2026 - 22:20
  • Живко Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“

    Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „'Алкалоид' е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

    Tue, 05/12/2026 - 17:04
  • dm туторијал за матурска шминка

    Матурска шминка која трае цела вечер: Милена Косиќ открива совршен изглед со производи од dm

    Tue, 05/12/2026 - 16:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.