• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Пере од Нокаут: „Роденден ми е. Не ми се пие и пее. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината“

24 март 2025, 14:02
  • cподели

Никола Перевски-Пере денес полни 47 години. Пејачот од групата Нокаут објави длабока порака полна со тага за трагедијата во Кочани и желба да го врати времето пред кобниот 16 март.

„Не ми се пие и пее, не ми се брои години. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината. Како ноти што никогаш не добиваат рефрен“ – се дел од неговите зборови.

Прочитајте ја неговата порака во целост:

Пере порака

РОДЕНДЕН

Денес ми е роденден.
Се сеќавам.
Не те славам.

Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.

Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.

Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.
Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.

Некои си отидоа
пеејки.
Други со рацете на жиците.

Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.

Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.
Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече.

Никола Перевски

Ќерката на Пере, Миа, објави порака за да го потсети колку многу е сакан и ценет од сите четири ќерки.

Среќен роденден на нашиот татко.

Како заедница и семејство, изминатите настани ни ги скршија срцата, но нашите души мора да останат силни. Токму поради тоа, никогаш нема да прескокнеме година да не ти кажеме колку си ценет.

Твоите ќерки те сакаат комплетно и ти посакуваат долг и инспиративен живот.

Секогаш покрај тебе - Миа, Каја, Софи и Ирис.

Пере порака

Најнови

  • Даница Левкова

    Ораторката Даница Левкова со моќен говор: „Инспекторе, внукот на сестра ми поткачил девојче. Ако може да ја нема таа пријава, ќе частам“

    Tue, 06/16/2026 - 12:45
  • Амалфи, Капри, Соренто... Стефан од Next Time со сопругата Тинеа на авантуристичко патување низ Италија

    Tue, 06/16/2026 - 11:35
  • Една од ретките дами кои смеат да носат бело пред Папата: Кралицата Летиција беспрекорно елегантна во Барселона

    Tue, 06/16/2026 - 10:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.