• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Пцуењето ја намалува болката

18 април 2011, 11:39
  • cподели

Си ги потфативте прстите со вратата и ви доаѓа да опцуете? Сторете го тоа. Ако научниците се во право, ќе ви се намали болката што ја чувствувате, особено ако обично не користите пцости.

Британски истражувачи уште еднаш потврдиле дека пцуењето помага при намалувањето на болката и тој ефект е најголем кај лицата кои многу малку користат „срамни“ зборови во секојдневната комуникација.

Жена што пцуеПцуењето помага за намалување на болката при повреди

Во текот на истражувањето, 70 студенти биле поделени во две групи – во едната биле студентите кои пцујат помалку од 10 пати дневно, а во втората оние кои пцујат до 40 пати дневно.

Сите тие требало да ги држат рацете потопени во многу ладна вода колку што е можно подолго. Првиот пат им било кажано да повторуваат обичен збор, а вториот пат требало да повторуваат пцовка по свој избор.

Учесниците кои обично не користеле пцости, додека пцуеле можеле да издржат со рацете во водата и до 45 секунди повеќе, отколку кога не пцуеле. Но, оние учесници кои биле научени секојдневно да пцујат можеле да издржат само 10 секунди повеќе.

Истражувачите советуваат да не се користи таков „срамен“ јазик секојдневно за да имате поголема полза од пцостите кога навистина чувствувате голема болка.

Tags
пцуење
болка

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.