• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Парот од Црна Гора, кој по 22 години неплодност доби дете зачнато во Скопје, славеше прв роденден за ќеркичката

18 март 2026, 09:13
  • cподели

По 22 години борба со неплодноста, Соња и Марко Миротиќ минатата година ја дочекаа нивната најголема радост.

57-годишната Соња и 69-годишниот Марко од Црна Гора добија ќеркичка, а пред неколку дена го прославија нејзиниот прв роденден. 

Нивниот дом повторно беше исполнет со солзи, но овој пат радосници. Парот не можеше да си ги сокрие среќата и гордоста.

„Пресреќни сме. Плачев од среќа и радост, не можам да ги задржам емоциите. Богдана е нашето најголемо богатство“ – изјавила Соња.

Марко, пак, со насмевка на лицето признал дека ова е најсреќниот ден во неговиот живот.

„Нема посреќен човек од мене. Мене ова ми е најсреќен ден во животот, така се чувствувам“ – рекол гордиот татко.

Иако Соња поради здравствени причини не може да ги извршува сите обврски поврзани со грижата за детето, Марко со огромна посветеност ја презел таа улога. Тој прави сé што е потребно за слатката Богдана, па таа е особено приврзана за него.

„Таа ми е приоритет. Сè прекинувам само за да ѝ угодам“ – рекол Марко, опишувајќи ја безусловната љубов која постои меѓу него и ќеркичката.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Berane online (@beraneonline)

Парот си ја исполни големата желба за потомство благодарение на клинка од Скопје која ѝ помогнала на пресреќната мајка да забремени со ин витро и покрај возраста.

На сите парови кои поминуваат низ истите проблеми, Соња им порача:

„Да веруваат. Прво да веруваат во себе и во својот партнер. Да имаат огромна желба за тоа. Нам по 22 години борба желбата ни се оствари. Да бидат упорни и желбата веројатно ќе им се оствари. Нека не се откажуваат“.

Tags
Марко Миротиќ
Соња Миротиќ

Најнови

  • Мартија Станојковиќ

    „Порано сакав на сите да им се допаднам, денес ми е поважно да бидам искрена со себе“: Интервју со Мартија Станојковиќ

    Wed, 03/18/2026 - 11:15
  • Не е „само женски проблем“, туку болка која се враќа секој месец... Силна порака за животот со ендометриоза

    Wed, 03/18/2026 - 10:53
  • „Ne daj da ostarim sam“ – спотот за новата песна на Здравко Чолиќ снимен во Венеција

    Wed, 03/18/2026 - 09:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.