Пар со стил: Блејк Лајвли гламурозна во блескава креација покрај Рајан Рејнолдс на премиера
По долгата пауза од јавните настани поради пандемијата, Рајан Рејнолдс започна со активна промоција на својот нов филм „Free Guy“.
На црвениот тепих, 44-годишниот актер беше придружуван од сопругата Блејк Лајвли, која како и секогаш, изгледаше беспрекорно.
33-годишната актерка носеше гламурозна блескава креација од Prabal Gurung.
Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и заедно имаат три мали ќерки.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ сподели неколлку фотографии од свеченоста на Instagram.
