• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ова е ендометриоза“: Филм со нула буџет победи на BAFTA и испрати силна порака – верувајте им на жените кога велат дека ги боли

5 март 2026, 10:25
  • cподели

Филмот „This Is Endometriosis“, создаден без буџет, годинава ја освои наградата за Најдобар краток филм на престижните BAFTA награди. 

Зад проектот стои британската активистка Џорџи Вајлман, која својата лична борба со тежок степен на ендометриоза ја претвори во глобално движење за видливост, едукација и правда.

Вајлман преку својата работа се обидува да ја прикаже вистинската реалност на луѓето што живеат со ова хронично заболување. Нејзината мисија е да се прекине долгогодишното игнорирање на женската болка.

Дури и нејзиниот фустан на BAFTA церемонијата бил симболичен, дизајниран од нејзиниот брат, со вплетена порака „Финансирајте истражувања за ендометриоза“, во црвена боја која симболизира внатрешно крварење.

Во својот говор, таа рече:

„Ако вашето семејство, партнерот, пријателите, работодавачите или докторите ти кажуваат дека лажеш, дека премногу драматизираш, дека бараш внимание или дека имаш низок степен на толеранција на болка, имам нов одговор за тебе: Гледај го филмот кој победи на BAFTA, „This Is Endometriosis“, а потоа кажи ми дека лажам.“

„Ендометриозата погодува 1 од 10 жени родени со матка, потребни се просечно 10 години за да се дијагностицира и предизвикува болки кои се полоши од породилни болки.“

Се проценува дека околу 190 милиони луѓе ширум светот страдаат од оваа болест, која може сериозно да го наруши квалитетот на животот, па дури и да доведе до животозагрозувачки компликации. И покрај тоа, таа останува недоволно истражена и често погрешно разбрана.

„Ова е за сите вас. Треба да бидеме видени. Треба да бидеме слушнати“ – стои во пораката на филмот.

Џорџи ги почувствувала првите симптоми уште на 13-годишна возраст, но нејзината болка долго време била потценувана. Докторите ѝ велеле дека „претерува“, дека болката е „нормална“ и дека сè е „само во нејзината глава“. Токму оваа недоверба довела до години доцнење во дијагнозата, погрешни третмани и низа операции.

„Бев целосно зависна од други луѓе. Ми требаше некој за да се истуширам, да излезам од дома или дури да се нашминкам“ – раскажува таа во краткиот филм.

Вајлман поминала низ седум операции и изгубила четири органи поради ненавремено дијагностицирање на болеста. Во најголем дел од тинејџерските и нејзините 20-ти години била врзана за инвалидска количка. Таа не може да има свои деца поради направена хистеректомија.

„Отсекогаш знаев дека сакам да имам деца. Беше многу важно за мене. Многу тешко ме погоди тоа што требаше да се откажам од имањето мои биолошки деца“ – вели таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Georgie Wileman (@georgiewileman)

Од нејзината фрустрација се родил проектот „This Is Endometriosis“, кој првично започнал како личен фотографски проект при кој Џорџи ги документирала лузните од операциите за да покаже дека животот со оваа болест се сосема спротивен од совршените фотографии што најчесто се користат во медиумите.

Со текот на времето проектот прераснал во глобално движење и филм создаден со помош на волонтери од целиот свет. Преку интимни сведоштва и сурови, реални кадри, „This Is Endometriosis“ ја прикажува вистинската цена на игнорирањето на женската болка. 

„Животот е неверојатно убав. Дури и во најболните моменти е убав“ – порачува таа во филмот.

Гледајте го целиот филм:

Tags
ендометриозата

Најнови

  • дебелина кај децата

    Алармантно: Третина од децата во Македонија со вишок килограми, јадат најмалку овошје во Европа

    Thu, 03/05/2026 - 11:27
  • „Ова е ендометриоза“: Филм со нула буџет победи на BAFTA и испрати силна порака – верувајте им на жените кога велат дека ги боли

    Thu, 03/05/2026 - 10:25
  • Бруклин Бекам го прослави 27-миот роденден со сопругата, Викторија и Дејвид со слатки објави и покрај несогласувањата

    Thu, 03/05/2026 - 09:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.