• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во меѓународната гимназија „Нова“

25 ноември 2019, 13:37
  • cподели

Учениците од деветто одделение од целата земја кои сакаат да го продолжат образованието во гимназијата „Нова“ во Скопје, од денес (25 ноември) до 12 декември може да аплицираат за стипендијата „Борис Трајковски“ за школување во оваа образовна институција. Ова e 16 пат како се организира конкурсот, а ќе бидат доделени три целосни стипендии, како и финансиска помош за најмногу до 10 ученици, со кои ќе бидат покриени од 10 до 50 отсто од трошоците за школување.

Стипендиите „Борис Трајковски“

Сите заинтересирани до 12 декември ќе може да се пријават така што ќе пополнат електронската апликација која е достапна на веб-страницата на „Нова“ www.nova.edu.mk Единствениот предуслов е апликантот да има одличен успех од седмо до деветто одделение. На 14 декември во просториите на гимназијата ќе биде организиран првиот круг на тестирање - пишување на состав на дадена тема.

Резултатите ќе бидат објавени на 19 декември на огласната табла во гимназијата и на нивната веб-страница. Во следната фаза ќе преминат 25 кандидати, а датумот и информациите за вториот круг на тестирањето ќе бидат дополнително објавени.

Стипендиите „Борис Трајковски“

„Стипендиите ги доделуваме во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ со коja веќе со години наназад имаме прекрасна соработка. Доказ за успешноста на оваа иницијатива е фактот дека интересот кај учениците од година во година сè повеќе расте. Учениците кои ќе ги добијат целосните стипендии ќе бидат избрани врз основа на вкупниот број на поени добиени во двата круга на тестирање. Ние како институција сме исклучително горди дека голем број на млади луѓе ја имаат добиено оваа стипендија и имаат постигнато одлични резултати кои воедно ги имаат однесено на водечките факултети во САД и во Европа“ – посочуваат од менаџментот на гимназијата „Нова“.

Оваа програма почна во 2005 година и досега ја завршија 11 успешни генерации на матуранти. Дополнителни информации за процесот на аплицирање и за конкурсот може да се најдат на следниот линк http://www.nova.edu.mk/bt-scholarship.aspx

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.