• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Популарни јадења

Омилен рецепт со тестенини на македонската легенда Кирил Лазаров: Шпагети со морски плодови

12 декември 2019, 14:10
  • cподели

„Машина за голови“, „дежурен непријател“ на странските ракометни репрезентации, „леворак бомбардер“... Кирил Лазаров има намножено многу епитети до своето име и сите се заслужени.

Најпопуларниот македонски ракометар е ризница на спортски совети, но ние се фокусиравме на неговите кулинарски преференции. Македонскиот спортист сподели дека исхраната е суштински важна за неговите перформанси.

Лазаров

“

Внимавам доста на исхраната. Особено по мојата 30. година. Се чувствувам многу подобро после квалитетен и здрав оброк. Исхраната е многу битна за професионалните спортисти, можеби и побитна од квалитетен тренинг.

Кирил Лазаров

Славниот спортист признава дека хедонистички ужива во добар оброк, но засега нема доволно време за да ги тестира своите вештини во кујната. „Гурман сум. Ретко готвам, а и искрено немам големо искуство со готвењето, ниту пак доволно време за да се посветам и уживам во тоа. За готвење се задолжени мојата сопруга и мајка ми“ - вели тој.

Капитенот на македонската репрезентација ни откри дека обожава тестенини со морски плодови, а ние ги подготвивме со Zlato Polje шпагети.

Шпагети со морски плодови

Шпагети со морски плодови

Состојки

250 гр шпагети Zlato Polje
1 мала конзерва (400 гр) лупени домати
450 гр школки
450 гр чистени ракчиња
½ шолја бело вино
½ главица кромид
1 чешне лук
½ мала лажичка мелена црвена пиперка
30 гр путер
маслиново масло
сол

Подготовка

  1. Во тавче ставете 3-4 лажици маслиново масло и во него пропржете го иситнетиот кромид за да омекне. Ставете го и изгмечениот лук и пржете уште 2-3 минути, па додајте ја мелената црвена пиперка.
  2. Налејте го белото вино, а потоа и сосот од домати. Ако имате желба сосот да биде похомоген, можете да ги изблендирате доматите, но поедноставно е да ги разгмечете во самата тава. Гответе околу 5 минути, односно додека сосот не се згусти.
  3. Сварете ги шпагетите во солена вода според инструкциите на етикетата. Пред да ги исцедите, зачувајте ¼ шолја од течноста во која се вареа.
  4. Додајте ја таа течност во сосот со домати и ставете ги морските плодови. Поклопете го тавчето и гответе 4-5 минути. Имајте предвид дека школките се готват 1 минути подолго од исчистените ракчиња, па препорачливо е од нив да започнете со готвењето.
  5. Во подготвениот сос, додајте путер и тргнете го од оган. Измешајте го со приготвените шпагети и имате оброк за паметење.

Послужете ги тестенините додека се топли и декорирајте ги со иситнет магдонос и парчиња лимон.

Шпагети со морски плодови
Tags
Кирил Лазаров
рецепти на славните
тестенини
Zlato Polje

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.