• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Од петмина другари, само јас останав жив“: Мартин Китанов низ солзи раскажа за пожарот во „Пулс“

27 јануари 2026, 15:39
  • cподели

Мартин Китанов никогаш нема да ги прежали своите четворица другари кои ги изгуби во пожарот во „Пулс“.

Она што требаше да биде една од највеселите прослави во нивните животи се претвори во кошмарна трагедија. Мартин со друштвото славеле за раѓањето на синот на неговиот другар Тоше Богданов. Но, за жал, радоста брзо била прекината.

Тоше Богданов

Мартин бил единствен од друштвото кој преживеал, а вчера на судењето во затворот „Идризово“ низ солзи раскажа за сé што памети од кобната ноќ.

Од петмина другари кои излеговме таа вечер, само јас останав жив. Тројца ми беа другари од детство, а еден многу близок пријател. И ден-денес не знам како точно загинаа – рекол тој.

Неговото друштво станало свесно за пожарот откако пејачот на ДНК, Панчо, на микрофонот извикал сите да го напуштат објектот и да излезат надвор.

Видовме пламен и се упативме кон излезот. Брзо стигнавме до таканаречената каубојска врата, но огнот веќе направи линија и почна да се шири густ чад и да се дише тешко.

Тогаш Мартин се сопнал и паднал, а врз него паднале и други лица.

Прв што ми подаде рака беше Лазар Захариев од обезбедувањето, но не успеа оти врз мене имаше многу луѓе. Продолжи да ги трга луѓето што беа погоре. Јас чувствував големи болки, не можев да дишам бидејќи имаше многу луѓе врз мене... Тогаш се сетив на моите две деца и си реков дека морам да издржам и да дишам колку што можам.

Ниту Лазар, ниту пожарникарите не успеале да го извлечат Мартин, но за среќа се појавило момче кое тој не го познавал, но го видел како божји ангел. Тој го фатил за рацете и со огромен напор го извлекол надвор.

Луѓето околу мене рекоа дека нозете ми се крвави. Тогаш почнав да губам сила. Седнав на тротоарот и доживеав стрес, ми се вкочанија и рацете и нозете. Гледав пред мене сцени што никогаш нема да ги заборавам. Деца, луѓе паѓаа, се онесвестуваа, а јас не можев ништо да направам... душата ми се кинеше. Прашував за моите другари. Седев сè додека не видов едно дете од моето село целото црно во лицето и повеќе не можев да седам. 

Мартин се сетил дека има пријател на работа на бензинската пумпа во близина и се упатил таму. Кога стигнал паднал на грб, по што му помогнале две девојчиња.

Очајно се обидувал да ги добие другарите на телефон, но не успеал.

Брат му го однел во „Систина“ каде добил помош и му биле направени прегледи.

Мартин досега има објавено неколку постови на Facebook со последната фотографија со другарите пред нивната трагична смрт.

Нашата последна слика😡

Нé разделија на една од нашите најубави ноќи на најлош начин, а не по наша вина😢😭

Почивајте во мир другари заедно со сите што не успеаја да ја надминат оваа голема трагедија...

Засекогаш ќе бидете во моето срце💔

Точно 6 месеци без моите Другари...😢

Трагедијата во „Пулс“ ни ја одзеде радоста, но не и сеќавањата. 

Со вас растев, се смеев, сонував… и така ќе ве носам засекогаш во срцето. 

Почивајте во мир, Лавови мои. 🕊️❤️💔

Tags
Мартин Китанов
„Пулс“

Најнови

  • Предупредување од доктор за родителите: Две деца во Загреб трајно ослепиле поради игра со ласер

    Wed, 01/28/2026 - 14:45
  • Реплек со настан „Вежбај паметно“

    Оваа сабота едукативно со „Реплек“ и Елена Бубало: Совети за правилно вежбање

    Wed, 01/28/2026 - 14:36
  • Спотот за „Купи ме“ на Лозано

    „Купи ме“: Влатко Лозаноски со нова љубовна песна

    Wed, 01/28/2026 - 13:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.