• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Од Охрид до Њу Џерси со срце и желба за правда: Росана Николовски, успешна адвокатка за која грижата за иднината е најсилниот облик на љубов

20 февруари 2026, 12:25
  • cподели

Во животот постојат моменти кога ни е потребна јасност, сигурност и некој што вистински ќе нè разбере. Правните одлуки што ги носиме денес имаат длабоко влијание врз нашето семејство, децата и иднината што ја градиме.

Како имиграциски адвокат и адвокат за Правно планирање на имот и заштита на наследството (estate planning) во САД, нашата соговорничка, Росана Николовски, секојдневно им помага на поединци и семејства да донесат одговорни одлуки. Во ова интервју, таа зборува отворено за својата мисија, за довербата како основа на секој правен процес и за тоа зошто грижата за иднината е еден од најсилните облици на љубов кон најблиските.

Росана Николовски, имиграциски адвокат и адвокат за Правно планирање на имот и заштита на наследството (estate planning) во САД
Росана Николовски, имиграциски адвокат и адвокат за Правно планирање на имот и заштита на наследството (estate planning) во САД
Како започна вашата кариера како адвокат и што ве донесе од Охрид до Њу Џерси, САД?

Мојата љубов кон оваа професија започна уште кога бев многу мала. Отсекогаш знаев дека ќе работам нешто поврзано со правото. Веќе во средно знаев дека ќе продолжам на Правниот факултет. Мојата патека од Охрид продолжи во Скопје, каде што дипломирав и магистрирав на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и подоцна го положив правосудниот испит.

Стремежот за понатамошно професионално усовршување ме донесе во САД, каде што ја завршив магистерската програма на St. John’s University во Њујорк. Овој пат ми овозможи да ја комбинирам солидната теоретска основа од Македонија со практичното знаење и искуство од американскиот правен систем.

Работите како имиграциски адвокат и адвокат за estate planning во САД. Како започна вашиот професионален пат?

Сакав да им помогнам на луѓето кога им е најпотребна поддршка

Мојот професионален пат започна од желба да им помогнам на луѓето кога им е најпотребна поддршка. Кога ја започнував кариерата, сфатив дека имиграцијата и планирањето на имотот не се само документи и процедури, тие се моменти кои длабоко влијаат врз животите на луѓето и нивните семејства. Токму тоа ме инспирираше да се посветам на овие области: ми дава можност да направам реална разлика, да ги заштитам интересите на моите клиенти и да им помогнам да градат сигурна иднина.

Росана Николовски
Со какви клиенти најчесто работите?

Работам со поединци и семејства – имигранти, брачни парови, родители, претприемачи/работодавачи, луѓе кои сакаат стабилност и јасен правен пат. Многу од моите клиенти се соочуваат со стрес, неизвесност и страв од грешки, па мојата улога е да им понудам јасност, поддршка и конкретни решенија.

Од друга страна, активно соработувам (Pro bono соработка) со две невладини организации во Њу Џерси, каде што им помагаме на жени и деца, жртви на семејно насилство, во нивните имиграциски процеси. Понатаму, само што почнав соработка со уште една невладина организација во Њу Јорк, каде што ќе работам најчесто со деца без родителска грижа кои се изложени на семејно насилство или ризик од депортација. Тие често поминуваат низ специјални судски процеси во семејниот суд, каде што судот одлучува дека не е безбедно да се вратат во својата земја и дека не можат да се вратат кај родителите. Овие судски одлуки потоа се користат како основа за нивната хуманитарна заштита и имиграциски процеси најчесто во форма на азил. 

Соработувам со невладини организации за да ги заштитам гласовите на оние што најчесто немаат кој да ги застапува

Имиграциските случаи најчесто се водат како граѓански постапки, а не како кривични, што значи дека лицата кои не можат да си дозволат правно застапување немаат право на адвокат назначен од државата по службена должност. Затоа, овие невладини организации се стремат да обезбедат правна заштита за категориите луѓе кои се најранливи и кои навистина имаат потреба од застапување пред федералниот суд.

Оваа соработка ми е особено важна, бидејќи ми овозможува да ги заштитам гласовите на оние што најчесто немаат кој да ги застапува, нашите најмали и најранливи членови на заедницата.

Росана Николовски
Кои се најчестите имиграциски прашања со кои ви се обраќаат клиентите?

Во моментов, многу луѓе се збунети и исплашени од целата анти-имиграциска политика во САД

Најчесто станува збор за семејна имиграција, работни визи, зелена карта, државјанство, waivers (ослободувања од забрани за влез) азил или други форми на хуманитарна заштита, како и прашања поврзани со статус и продолжување на дозволи за престој, но и застапување во процесот за депортација пред федерален суд. Многу луѓе не знаат од каде да почнат или се плашат дека ќе направат грешка, затоа е важно да имаат адвокат кој ќе ги води чекор по чекор. Во моментов, многу луѓе се збунети и исплашени од целата анти-имиграциска политика на претседателот на САД и неговата администрација.

Росана Николовски
Зошто estate planning е толку важен, а често запоставен?

Estate planning не е само за „богати“ лица

Многу луѓе мислат дека estate planning е потребен само за „богати“ лица, што не е точно. Секој што има деца, имот или сака да ги заштити своите најблиски треба да има основен план. Тоа значи јасни одлуки за тоа кој ќе се грижи за децата, како ќе се распредели имотот и кој ќе носи одлуки ако лицето не е во можност, остане правно неспособен или во случај на смрт. Estate planning носи мир и сигурност и на некој начин ја избегнува оставинската постапка пред судот.

Росана Николовски
Каков е вашиот пристап кон клиентите?

Секој мој клиент добива индивидуално внимание

Мојот пристап е човечки, трпелив и транспарентен. Верувам дека добрата комуникација е клучна. Секој клиент добива индивидуално внимание, јасно објаснување и искрен совет. Сакам клиентите да се чувствуваат слушнати, разбрани и сигурни дека не се сами во процесот.

Што ве издвојува од другите адвокати во оваа област?

Знам дека зад секој случај стои животна приказна и токму така пристапувам

Комбинацијата од правно знаење, практично искуство и емпатија ме води во секој случај. Исто така, имам чест да соработувам со двајца врвни професионалци со долгогодишно искуство и голема репутација во своите области, кои ми се и ментори: Хани Кори (Hani Khoury) во имиграциското право и професорот Абед Авад (Abed Awad) во estate planning.

Дополнително, континуирано вложувам во постојани обуки, професионални доусовршувања и следење на најновите законски измени и судска пракса, со цел моите клиенти секогаш да добијат современ, информиран и стратешки пристап.

Јас не нудам само правна услуга, туку партнерство. Разбирам дека зад секој случај стои животна приказна, и токму така пристапувам кон секој клиент – со почит, внимание и одговорност.

Росана Николовски
Неодамна бевте избрана во листата „40 Under 40“ на македонската дијаспора за 2025 година. Што значи ова признание за вас?

Ми беше чест што бев избрана за „40 Under 40“ во македонската дијаспора

Беше голема чест што бев избрана за „40 Under 40“ во 2025 година во македонската дијаспора. Ова не е само признание за професионалните успеси, туку и потврда дека посветеноста, емпатијата и грижата за другите се вредности кои навистина имаат тежина.

Особено ми е важно што ова може да инспирира и други жени и млади професионалци од македонската дијаспора дека со упорност, знаење и љубов кон она што го работиш, можеш да оставиш вистинска трага и да направиш разлика во животот на луѓето околу тебе. За мене, ова признание е поттик да продолжам да помагам, да застапувам и да креирам можности за оние што најмногу имаат потреба од поддршка.

Која порака би им ја испратиле на луѓето кои размислуваат да побараат правна помош, но се двоумат?

Навремената правна помош може да заштеди време, пари и стрес

Не чекајте проблемот да стане поголем. Навремената правна помош може да заштеди време, пари и многу емоционален стрес. Дури и кратка консултација може да ви донесе јасност и насока. Побарајте помош, тоа е знак на одговорност, не на слабост.

Росана Николовски
Како може читателите да стапат во контакт со вас?

Секој што има прашање или потреба од правен совет може да ја контактира мојата канцеларија за да закаже консултација. Со задоволство ќе помогнам и ќе одговорам на сите прашања. Нашата канцеларија се наоѓа во Њу Џерси, на само 15 км оддалеченост од Њу Јорк. Лиценцирани сме во Њу Џерси, Њу Јорк и Конектикат, но нудиме услуги низ целиот свет во областа на имиграциското право, како и услуги во САД за Estate Planning. 

Tags
Росана Николовски

Најнови

  • Од бебе до момче: Северина со приватни снимки од синот Александар му го честиташе роденденот

    Fri, 02/20/2026 - 13:29
  • Росана Николовски

    Од Охрид до Њу Џерси со срце и желба за правда: Росана Николовски, успешна адвокатка за која грижата за иднината е најсилниот облик на љубов

    Fri, 02/20/2026 - 12:25
  • Бременоста ѝ годи: Убавата сопруга на Марк Антони го истакна трудничкото стомаче на свеченост во Мајами

    Fri, 02/20/2026 - 11:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.