Од хигиеничарка до докторка: Девојка која некогаш чистела ходници сега ќе спасува животи во истата болница
Приказната на Шеј Тејлор-Ален е доказ дека не постојат невозможни мисии и дека најголемите соништа се раѓаат токму таму каде што никој не ги очекува.
32-годишната Американка пред неколку дена дозна дека е примена на специјализација по анестезиологија во болницата „Јејл“ во Конектикат, истото место каде што во минатото работела како хигиеничарка.
На само 18 години, без јасна насока и без финансиска поддршка, таа прифатила работа како хигиеничарка само за да преживее.
Кога нејзината самохрана мајка сериозно се разболела по пожар кој ѝ ги оштетил белите дробови, лекарите долго време не можеле да постават точна дијагноза. Некои дури ги припишувале симптомите на психолошки причини, но Шеј знаела дека тоа не е вистина.
„Не можеше да дише. Таа никогаш не глуми болест. Знаев дека нешто не е во ред“ - раскажала таа.
Во очај, решила да се обрати директно кај директорката на болницата, чија канцеларија ја чистела секојдневно. Одговорот пристигнал истиот ден и нејзината мајка добила нов тим лекари и точна дијагноза — дисфункција на гласните жици.
„Беше како ноќ и ден. Одеднаш сè се промени“ – рекла Шеј.
Токму тогаш се родила нејзината мисија и таа започнала да гледа иднина поголема од работата како хигиеничарка. Се вратила на факултет и го започнала својот пат кон медицинска диплома... додека сè уште продолжувала да работи како хигиеничарка.
Учела дење, работела ноќе, штедела за приемни испити и апликации. Понекогаш единствениот водич ѝ бил Google. Чекор по чекор, стигнала до медицински факултет.
Тогаш добила порака од директорката на болницата: „Се надевам дека еден ден ќе се вратиш тука, како специјализант“. И токму тоа навистина се случило.
Реакцијата кога дозна дека е примена на специјализација бил снимен, а видеото стана хит.
Шеј ја сподели својата приказна со надеж дека ќе инспирира и други личности да ги следат нивните соништа.
„Сакам да продолжат. Сакам да не прифаќаат НЕ како краен одговор“ – рекла таа.