• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Нутриционист Татјана Павлова: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

23 септември 2025, 08:22
  • cподели

Здравјето на цревата е клучно за целокупната благосостојба, бидејќи влијае на дигестијата на храната, апсорпцијата на хранливи материи и имунолошкиот систем. Од тука би истакнале дека пробиотиците играат фундаментална улога, помагајќи во одржувањето на соодветна рамнотежа во цревниот микробиом.

Што се пробиотици?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во соодветни количини, ни обезбедуваат низа здравствени придобивки. Тие се наоѓаат во ферментирана храна како што се јогурт, кефир, кисела зелка како и во специфични додатоци во исхраната.

Пробиотици

Придобивки од пробиотиците за здравјето на цревата

Редовното консумирање на пробиотици може да помогне во:

  • Враќање на рамнотежата на цревниот микробиом, особено по употреба на антибиотици.
  • Подобрување на дигестијата на храната и апсорпцијата на хранливи материи, и го подржуваат метаболизмот.
  • Зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на ризикот од цревни инфекции.
  • Спречување и лекување на дигестивни нарушувања како што се синдром на иритабилни црева, дијареја и запек.
  • Намалување на воспалението на цревата, помагање кај состојби како што се улцерозен колитис и Кронова болест.
Пробиотици

Пробиотици и исхрана: Како да ги вклучите во вашата исхрана?

За да ги искористите нивните придобивки, се препорачува да вклучите храна богата со пробиотици во вашата исхрана, како што се:

  • Ферментирани млечни производи: природен јогурт, кефир и урда.
  • Ферментиран зеленчук: кисела зелка, и кисели краставички, природно ферментирана туршија.
  • Ферментирани пијалоци: комбуха, природно ферментиран јаболков оцет.
Пробиотици

Совет и препорака за храна богата со пробиотици или кој вид на пробиотици е потребно да ги користите, можат да ви бидат препорачани и од нутриционист.

Важноста на нутриционистичкото советување

Доколку сакате да го подобрите здравјето на вашите црева и да дознаете повеќе за улогата на пробиотиците, закажете консултација во одделот за гастроентерохепатологија на Клиника Жан Митрев или со нутриционистот м-р Татјана Павлова, и добијте ги потребните персонализирани совети.

Медицина

М-р Татјана Павлова
Нутриционист
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.