Линдзи Лохан може да се пофали дека е слободна жена, откако одлежа само 13 дена од затворската казна и престојуваше само 23 дена во центар за рехабилитација.
Американско истражување покажало дека луѓето кои држат диета и пијат вода пред јадење слабеат побрзо од оние кои држат диета, но не пијат вода пред оброците.
Тајгер Вудс и Елин Нордгрен официјално се разведоа. Бракот на Тајгер и Елин се распадна откако повеќе од 10 жени признаа дека имале афери со познатиот спортист.
Вчера во Лас Вегас, Невада се одржа 59. натпревар за убавина „Мис универзум“ во којшто учествуваа 83 убавици од цел свет. 22-годишната Химена Наварете од Мексико успеа да ја освои титулата. Погледнете ги 5-те финалистки и прогласувањето на победничката.
Холивудската шминка денес може да направи апсолутно сè, дури и да ја маскира непрепознатливо Анџелина Џоли и да нè убеди дека всушност се работи за маж. Погледнете како изгледа Анџелина Џоли во филмот „Salt“ во улогата на маж.
Линдзи Лохан е меѓу славните личности кои со лош публицитет успеваат да заработат пари. Странските медиуми прогнозираат дека одењето в затвор на Линдзи ќе ѝ донесе неверојатни 1 милион долари, само од нејзиното прво интервју.
Камерон Дијаз, Џулија Робертс и Џесика Бил се рангирани како најопасни славни личности ако се обидувате да најдете резултати за нив во интернет пребарувачите, затоа што лесно можете да го заразите вашиот компјутер со вирус.
Општоприфатено е дека блискоста меѓу партнерите (бакнувањето, сексот) влијае позитивно врз здравјето. Ново истражување уште еднаш го потврди тоа, заклучувајќи дека луѓето кои се во брак или во долга врска подобро се справуваат со стресот.