Бијонсе сними видео со кое ќе ги примамува децата да станат поактивни преку танцување. 29-годишната пејачка облечена во бела блуза, кратки фармерски панталончиња и високи потпетици покажува интересна кореографија од хип-хоп и латино движења со цел да ја поддржи кампањата „Ајде да се движиме!“.
Британскиот весник The Sun објави сторија за постоењето на подземно вампирско движење во кое официјално се вклучени 3000 луѓе. Тие се собираат еднаш месечно за да пијат крв еден од друг. Прочитајте повеќе.
Ново американско истражување покажа дека за мажите најпривлечни се жени со женствени црти на лицето кои имаат дебели полни усни и големи очи. Од друга страна, за жените најпривлечни се мажи кои имаат темен тен и женствена форма на лицето.
Неверојатната изведба на песната „How Great Thou Art“ на Кери Андервуд стана интеренет сензација и нејзиното видео на YouTube досега веќе е прегледано над 1 милион пати, а комплиментите не престануваат да се трупаат во коментарите. Погледнете го настапот.
Младите мажи гледаат порно онлајн во просек по 2 часа неделно. За разлика од нив, жените на возраст од 18 до 24 години гледаат порно во просек по 15 минути секоја недела. Прочитајте ги и другите заклучоци на истражувањето.
E! Online ексклузивно објави дека Анџелина Џоли стана заштитно лице на модната куќа Луј Витон и со тоа го зголеми своето богатство за речиси 10 милиони долари.
Ако некој може да направи квалитетна пародија на песните на Лејди Гага, тоа е легендарниот Ал Јанкович. И за голема радост на многумина, токму тоа се случи. „Born This Way“ стана „Perform This Way“. Слушнете ја тука.
Истражување на швајцарски, британски и француски научници покажало дека мажите кај кои домалиот прст е подолг од показалецот се попривлечни за жените. Прочитајте повеќе.
Дрвото во градината на пензионерите Волкер и Криста Крафт, кое е накитено со 9800 рачно декорирани јајца, е атракција во Германија. Погледнете ги фотографиите.
Колекцијата на Blugirl за сезоната пролет/лето 2011 е интересен спој на елегантни и младешки модели кои зрачат со пролетен дух. Погледнете дел од обувките и модните додатоци од актуелната колекција на италијанскиот бренд.