Лејди Гага оваа година има повеќе продадени албуми од било која друга музичка ѕвезда. Нејзиниот албум „The Fame Monster“ е продаден во 5,8 милиони примероци низ целиот свет. На второ место е албумот „Recovery“ на Еминем, а на трето – „My World“ на Џастин Бибер.
Најголем дел од децата сметаат дека татковците преземаат многу ризици додека возат и дека мајките се посигурни возачи, покажало ново истражување во кое учествувале деца од 6 до 15 години.
Ново истражување покажало дека 96% од жените чувствуваат вина барем еднаш дневно, а скоро половина од жените ги „гризе“ чувството на вина 4 пати дневно.
Елтон Џон и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш станаа горди родители на здраво машко дете. Малиот Закари бил роден од сурогат мајка на Божиќ (25 декември) во Калифорнија.
Ново британско истражување покажало дека дури 42% од мажите би ја сметале нивната партнерка за помалку привлечна ако таа се здебели со 3,5 килограми, а 5% би отишле во крајност и би ѝ раскинале.
Ново истражување покажало дека 25% од жените мислат на храна на секои 30 минути, а само една од 10 жени мисли исто толку често на секс. 40% од жените се страсни обожавателки на чоколадо и јадат чоколадо 4 пати неделно. Прочитајте повеќе.
Кајли Миног го објави својот спот за божиќната песна „Santa Baby“. Во едноставното видео Кајли е облечена во секси црвено трико и пее додека флертува со камерата пред новогодишната елка. Погледнете го видеото тука.
Американката Дона Симпсон е на добар пат да си ја оствари целта и да стане најдебелата жена во светот. Таа за Божиќ изела вечера која содржела неверојатни 30 000 калории.
19-годишниот Андреј Пејиќ, Србинот со убави женствени црти на лицето, долги нозе и руса коса, стана ново лице на Марк Џејкобс и ќе се појави во рекламната кампања за сезоната пролет 2011г.