• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

23 мај 2024, 14:06
  • cподели

dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката и негата воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm, професионално шминкање и одредување на типот на вашата кожа.

dm

Професионално шминкање и beauty советување

Како да ја изберам правата нијанса на пудра, како се контурира мојот облик на лице, која боја на руменило најубаво ми стои или како совршено да нанесам ајлајнер? Ако некогаш сте си поставиле некое од овие прашања, советниците за убавина во dm отсега ќе може да ви дадат одговор на истите. Имено, во одредени dm дрогерии од неодамна е достапна услугата советници за убавина кои ви стојат на располагањеза вашите beauty прашања, а воедно имате шанса да добиете и купон за бесплатно професионално шминкање.

Не само што советниците за убавина ќе ви помогнат да го направите правиот избор на производи од богатиот асортиман на dm, тие може и да ве нашминкаат за секоја прилика. Кога е во прашање шминката, можностите се бескрајни, а трендовите се менуваат брзо и динамично. Без разлика дали ви е потребна впечатлива вечерна шминка или нежен секојдневен изглед, dm советниците се тука за вас.

Како да ја добиете услугата професионално шминкање во dm?

Со купување на шминки и додатоци за шминкање во износ од 1.900 денари во некоја од наведените дрогерии добивате купон со кој може да закажете термин кај советниците за убавина во dm. Едноставно треба да се јавите на телефонските броеви за закажување и да закажете термин. На закажаниот термин со себе треба да го понесете купонот, заедно со фискалната сметка или сметкопотврда. Термините за бесплатно професионално шминкање можете да ги закажете само во овие дрогерии во среда, петок или сабота, најмногу 60 дена од добивање на купонот.

Одредување на типот на вашата кожа

dm советниците за убавина успешно ја завршија обуката во познатата Школа за убавина Арт која нуди професионални обуки за шминка, како и многу други од светот на козметиката и естетиката, а нивните стручни совети со задоволство ќе ги споделат со вас. Бидејќи добриот совет нема цена, особено кога станува збор за негата и убавината, dm се погрижи советниците за убавина комплетно бесплатно во горенаведените дрогерии да го одредат типот на вашата кожа и да ви направат персонализирана рутина. Оваа услуга е достапна доколку посетите некоја од овие дрогерии, секој вторник и четврток од 16 до 19 часот.

Сигурни сме дека со нетрпение чекате да ги посетите dm дрогериите за да го изберете совршениот makeup look, да се запознаете со богатата понуда на декоративна козметика и да стекнете нови знаења за тоа како да го исполните вашиот козметички несесер со производи кои одговараат на вашето лице.

Комерцијален текст

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.