Кога Кристофер Нолан ќе застане зад некој филмски проект, автоматски се очекува хит. Па, така е и со „Одисеја“ (The Odyssey), филм кој собра супер ѕвездена екипа и ветува возбуда од почеток до крај.
Новиот трејлер за епската адаптација на познатиот Хомеров еп ни нуди неверојатен поглед во грандиозната визија на режисерот.
Во центарот на приказната е Мет Дејмон, кој го толкува митскиот херој Одисеј на неговото 10-годишно патешествие кон родната Итака по Тројанската битка. Нему му се придружуваат Ен Хатавеј како неговата сопруга Пенелопа, Том Холанд како нивниот син Телемах и Роберт Патинсон како злобниот Антиној, кој се обидува да го преземе престолот. Во филмот се појавуваат и Зендаја како божицата Атена, Шарлиз Терон како нимфата Калипсо, како и Лупита Нионго, Мија Гот, Елиот Пејџ и многу други.
Со буџет од околу 250 милиони долари, „Одисеја“ ветува невидено кинематографско искуство. Филмот пристигнува во кината во јули, кога ќе се соочи директно со новиот филм за Спајдермен, најавувајќи уште една интересна битка на киноблагајните.
Видео