Нови авантури: Лила Филиповска ги посети Статуата на слободата, Тајмс сквер и Петтата авенија во Њујорк
Лила Филиповска во моментов ужива во магијата на Њујорк.
Во „Големото јаболко“, македонската водителка ги истражуваше најпрепознатливите симболи и локации кои се најзастапени во филмовите и на социјалните мрежи.
Од пред величествената Статуата на слободата, Лила сподели порака: „Не позирам пред ‘Слободата’… ја живеам“.
Иако не успеала да стигне до самата круна поради распродадени карти, искуството до „третиот спрат“ го опиша како „неповторливо доживување“.
Филиповска ја почувствува и енергијата на легендарната Петта авенија, улица која дише луксуз, мода и гламур. Прошетката покрај Empire State Building и Central Park, како и застанувањето пред излозите на Louis Vuitton и Tiffany & Co., ја вратија во атмосферата на култниот филм Breakfast at Tiffany's со Одри Хепберн.
А кога станува збор за енергија која никогаш не згаснува, тука е Тајмс Сквер. Местото кое пулсира 24/7, преплавено со светла, музика и луѓе од целиот свет.
Претходно, Лила позираше пред домот на Кери Бредшо, прошета по Бруклинскиот мост и го посети Хобокен, родниот град на легендарниот Френк Синатра.
И како што самата вели, Њујорк е филм кој се живее.