• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Позираше пред домот на Кери Бредшо, прошета по Бруклинскиот мост... Лила Филиповска на велигденско патување во САД

14 април 2026, 09:13
  • cподели

Лила Филиповска ги помина празничните денови далеку од дома.

Македонската водителка е на патување во САД, од каде споделува низа впечатливи моменти со своите следбеници.

„Американската турнеја“ на 54-годишната ТВ ѕвезда започна во Хобокен, родниот град на легендарниот Френк Синатра. Таа уживаше во мирната атмосфера покрај реката Хадсон и во прекрасниот поглед кон Њујорк, а го посети и паркот посветен на славниот пејач.

Филиповска прошета и по еден од најпознатите симболи на градот – Бруклинскиот мост. Изграден уште во 1883 година, мостот ги поврзува Менхетен и Бруклин и претставува вистинско инженерско чудо за своето време. 

„Секако дека го испешачив“ – напиша таа во објавата.

Посебно внимание привлече и нејзината посета на култна локација од серијата „Sex and the City“. Лила позираше пред познатите скали на домот на Кери Бредшо на адресата 66 Perry Street во населбата West Village.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Филиповска не пропушти да го посети местото од официјалниот плакат за култниот филм „Once Upon a Time in America“ на режисерот Серџо Леоне, со Роберт Де Ниро во главната улога.

Лила напиша дека во град како Њујорк „секој агол изгледа како сцена“ и порача: „Животот е убав“.

Tags
Лила Филиповска

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.