Ник Џонас за ќеркичката Малти: Се роди предвреме од сурогат-мајка, тежеше 760 гр, ја интубираа, имаше 6 трансфузии на крв
Ник Џонас се отвори за драматичниот почеток на животот на неговата ќерка Малти Мари, која тој и сопругата Пријанка Чопра ја добија со помош на сурогат-мајка во јануари 2022 година.
Во подкастот On Purpose на Џеј Шети, 33-годишниот пејач се присети на застрашувачките моменти кога нивното бебе се родило цел триместар пред предвидениот термин во критична состојба.
„Очекувавме таа да пристигне во април, но добивме повик дека тоа ќе се случи многу порано. Практично, веднаш сконавме во акција. Стигнавме во болница и таа се роди“ - раскажал Ник.
Малото бебенце се родило сред пандемија, тежело само 760 грама и било во критична состојба.
„Беше виолетова… Тие ангели од одделот за интензивна нега (NICU) ја реанимираа во тој момент, навистина брзо се погрижија за неа и ја интубираа, направија сè што беше потребно“ – го опишал Ник ужасниот момент кога ја гледал ќерката како се бори за живот.
Тој и 43-годишната актерка морале да се менуваат и да поминуваат по 12 часа покрај инкубаторот цели три и пол месеци.
„Сè уште можам да го почувствувам мирисот на болницата“ – рече пејачот.
Малти примила шест трансфузии на крв, но постепено почнала да напредува и да ја големува тежината.
„Се бореше секој ден, три и пол месеци и полека ја зголемуваше својата тежина“ - рекол Ник.
Денес, нивната ќерка е здрава и полна со живот.
„Имам чувство дека таа знае како влезе во овој свет и какво беше првото поглавје од нејзиниот живот. Затоа секој ден е подарок и тоа навистина се чувствува во начинот на кој се однесува и во тоа колку сè ѝ е возбудливо“ – рече тој.
Пријанка во јануари 2023 година сподели дека Малти се роди цел триместар предвреме и дека била голема колку нејзината дланка.
„Бев во операционата сала кога се роди. Беше толку мала, помала од мојата дланка. Го видов она што го прават медицинските сестри на интензивна нега. Тие навистина прават Божја работа. Ник и јас стоевме таму додека ја интубираа. Не знам ни како воопшто успеаја да најдат што им треба во нејзиното толку мало тело.“
„Не знаев дали ќе преживее или не“ – рече тогаш Чопра.
Ник и Пријанка започнаа да се состануваат во мај 2018 година, а стапија во брак седум месеци подоцна.