• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Нептун е „Best Buy“ во Македонија

5 јуни 2015, 14:15
  • cподели

Корисниците го одбраа Нептун како број еден ланец на продавници со највисока оценка за најдобар сооднос на цената и квалитетот, во категоријата продавници за бела техника и апарати за домаќинство во Македонија.

Ова го покажува првото истражување за наградата „Best Buy Award“ кое беше спроведено во текот на месец февруари 2015, врз репрезентативен примерок на испитаници од Македонија, постари од 15 години. Истражувањето го спроведе швајцарската организација ICERTIAS, која го мери исклучиво искуството на испитаниците и нивното задоволство во однос на цената и квалитетот на производите и услугите кои продажните ланци ги нудат на пазарот.

Нептун

Како дел од истражувањето за наградата Best Buy Award, од испитаниците е побарано да одговорат што според нив претставува најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, односно најдобра вредност за нивните пари, според своето лично искуство за производи или услуги во определена категорија на македонскиот пазар.

Прашањата во истражувањето за наградата Best Buy Award беа од отворен тип, односно на испитаниците не им се нудеа повеќе одговори од кои можеа да изберат. Тие сами ги наведуваа имињата на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот.

Главната мисија на истражувањето беше да се добие увид во искуството на корисниците и нивната перцепција за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (најдобра зделка) на производите и услугите на пазарот, односно да се поедностави барањето на најдобрите производи и услуги по најповолна цена, на локалниот и меѓународниот пазар.

Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнл. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 19 продавници во 17 градови во Македонија.

Tags
Нептун

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.