• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Лице

Неколку совети за правилно чистење на лицето

29 септември 2009, 17:09
  • cподели

Правилното чистење на лицето е важен фактор за одржување на убавината и младоста на вашето лице. Се препорачува тоа да ви биде навика два пати во денот – наутро и навечер. Навечер за да ги отстраните нечистотиите и шминката кои што му тежеле на лицето во текот на денот, а наутро за да ја исчистите површината на кожата од токсините кои се трупаат по неа во текот на ноќта и да ја подготвите кожата за хидратантен крем.

Како да избереме правилна козметика за чистење на лицето?

Чистење на лицето
Продуктот за чистење кој ќе го изберете, треба да одговара на вашиот тип на кожа.

Секој продукт кој ќе го изберете за нега на лицето треба да одговара на вашиот тип на кожа. Не треба да користите продукти кои ја сушат или иритираат кожата. Правилната козметика треба да ја освежува кожата и да ја прави мека и нежна.

Изберете продукт кој лесно ќе го чисти лицето, без непотребно да ја триете кожата. Ако употребувате силна шминка, чистете го лицето со две млека или лосиони, така што едниот ќе го користите за очите, а другиот за останатиот дел од лицето.

Секогаш, без исклучок, проверувајте го датумот на производство. Во никаков случај не употребувајте козметика со поминат рок на употреба. Внимателно читајте ги етикетите на продуктите, каде што е посочен составот. Не го употребувајте продуктот, ако содржи состојка на која сте алергични.

После неколку дена употреба на даден продукт, ако кожата не реагира како што треба - сменете го. Најверојатно тој продукт не е за вас и затоа не ја иритирајте кожата на лицето без потреба.

Како правилно да го чистиме лицето?

  1. Во почетокот задолжително се отстранува шминката. За таа цел користете памучни тампони без да ја триете кожата. Внимавајте млекото или лосионот кои ги користите да не навлегуваат во внатрешноста на окото.
  2. Откако ќе се уверите дека нема остатоци од шминка по вашите очни капаци и трепки, започнете со чистење на кожата на останатиот дел од лицето.
  3. Без да притискате започнете од брадата, потоа продолжете кон образите и челото. Поминете по лицето неколку пати со различни тампони, сè додека тампонот не остане чист.
  4. За крај, исплакнете го лицето со вода, за да ги отстраните остатоците од млекото или лосионот и нанесете крем според вашиот тип на кожа.
Tags
лице
чистење на лицето

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.